Ги е вид на прочистено масло што се користи во ајурведската кујна насекаде во светот, а се користи во ајурведското лекување илјадници години.
Ајурведскиот прочистен путер, познат како Ги масло, во ајурведската наука се смета за чудотворен лек и исто таква храна.
Ги е вид на прочистено масло што се користи во ајурведската кујна насекаде во светот, а се користи во ајурведското лекување илјадници години. Според ајурведата, го храни телото и му дава сила. Благодарение на содржината на липиди, Ги маслото се смета за здраво како мајчиното млеко. Мастите содржани во Ги путерот се лесно сварливи и брзо се апсорбираат од телото. Ова масло е познато и како здрава замена за путер при готвење или печење.
Здрави масти
Покрај витаминот Е, Ги маслото содржи и каприлна и лауринска киселина, кои се познати по нивното делување против кандида и бактериски инфекции. Лауринската киселина исто така го намалува крвниот притисок, како и нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, здравите масти од Ги маслота ја чистат крвта, го стимулираат варењето и на тој начин придонесуваат за слабеење. Ги маслото содржи голема количина лауринска киселина, која во организмот се претвора во монолаурин, состојка која делува против различни патогени. Ова масло содржи и масти со среден ланец, кои црниот дроб ги користи за чистење на телото и снабдување на телото со енергија. Масните киселини со среден ланец и кокосовите моноглицериди делуваат како природни антибиотици и стимулатори на имунолошкиот систем. Ова супер здраво масло исто така го зајакнува веќе ослабениот имунитет со стимулирање на функциите на белите крвни зрнца во борбата против штетните патогени и микроби.
Примена на Ги масло за зајакнување на имунитетот
Ако сакате природно да ја зајакнете одбраната на телото, можете да земате 1-2 лажици Ги масло дневно. Можете да го додадете и во вашето утринско кафе, што е веќе популарна практика насекаде. Но, ова масло можете да го додадете и во супи, чорби, десерти, овесни снегулки, смути… За најдобар ефект, користете го без загревање.
Важноста на здравата исхрана
Иако Ги маслото е здраво, нема да има многу ефект доколку вашето тело е веќе заситено со токсини од храната или од околината. Дефинитивно треба да консумирате здрава храна богата со хранливи материи и антиоксиданти, а во овој случај маслото ќе му даде на вашето тело дополнителен поттик за зајакнување на имунитетот. Исто така, важно е да консумирате органско Ги масло, бидејќи само таквото има најмногу лековити својства и најсилно дејство.