Страдате од бавен метаболизам? Едноставен напиток за подобро и побрзо варење

Фото: Unsplash
220

Бавниот метаболизам може да биде прашање на генетика, но на него можат многу да влијаат и исхраната и внесот на течности

Бавниот метаболизам е голем проблем кога е во прашање здравјето, но и кога станува збор за изгледот, со оглед на тоа што луѓето кои страдаат од бавен метаболизам често се подуени, задржуваат вода во телото и, како резултат на тоа, имаат прекумерна тежина.
Бавниот метаболизам може да биде прашање на генетика, но исто така исхраната и внесот на течности можат многу да влијаат на вашиот метаболизам. Терминот здрав метаболизам се однесува на луѓе кои вршат нужда барем еднаш дневно, а сѐ помалку од тоа е недоволно.

Овој пијалак ќе го подобри вашето варење
Доколку страдате од бавен метаболизам, дефинитивно треба да внимавате на исхраната, односно да јадете што повеќе влакнеста храна и цели зрна, како и масти и протеини. Исто така, пијте колку што е можно повеќе течност, односно најмалку два литри вода дневно. Но, ако и тоа не ви помогне, во продолжение имате рецепт за едноставен напиток кој можете да го подготвите сами дома од состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата кујна.

Состојки:

2 лажици маслиново масло

1 лажица мед

сок од 1 лимон

Приготвување:
Во чаша измешајте две лажици маслиново масло, една лажица мед и цеден сок од лимон. Ставете во фрижидер и земајте по малку секое утро на празен стомак. Оваа количина треба да ви биде доволна за три дена.