Супа од кесичка, виршли, чипс… Содржат многу отровни материи, а најмногу E621 кој им штети на мозокот, срцето и на општото здравје

Фото: Freepik
630

Калиум глутамат или E621 е конзерванс во бела боја кој се користи во големи количини во речиси секој вид на храна. Но во споменатите намирници (супи од кесичка, виршли, чипс) има премногу па затоа избегнувајте ги во широк лак.

Сите знаеме дека воопшто не се препорачуваат супи од кесичка, виршли, чипсови и слични производи. Но, многумина не знаат дека тие содржат многу отровни материи, е една од нив е калиум глутаматот, кој им штети на мозокот, срцето и на општото здравје.

Калиум глутамат или E621 е конзерванс во бела боја кој се користи во големи количини во речиси секој вид на храна. Но во споменатите намирници го има премногу па затоа избегнувајте ги во широк лак.

На листата од лоши намирници би ги додале и паштетите. Имено, за да се направи паштета се користи најевтиното и најлошото можно месо. Но, во овој производ не се става само најлошото месо. Повеќе од половина од паштетата е вода. А покрај тоа има масти, кожи, скроб, разни зачини и секако емулгатори. Сите паштети содржат многу сол, па ова е еден од најштетните производи што можете да ги изберете. Ако сакате паштета, подгответе ја дома, па ќе знаете што внесувате во организмот.

Маргарин
Друг популарен намаз, маргаринот, е направен од растителни масла, кои со хемикалии се добива од сончогледот. Високата температура во процесот на преработка на маслото ги уништува сите витамини и антиоксиданти што ги содржат и доведува до создавање на слободни радикали кои можат да предизвикаат сериозно оштетување на клетките и да го зголемат ризикот од рак. Додавањето на хемикалии го доведува маргаринот во цврста и препознатлива состојба, што е многу штетно. И затоа, наместо маргарин, намачкајте леб со путер или со маст.

Пуканки
Пуканките се исто така вклучени во листата на особено штетна храна. Но, не оние што ги подготвуваме во тенџере, на шпорет, туку оние во микробранова печка. Тие содржат хемикалија за која е докажано дека го зголемува ризикот од рак, влијае на плодноста и ја попречува функцијата на бубрезите. Овие пуканки се полни со вештачки вкусови и транс масни киселини и хемикалии кои предизвикуваат главоболки и мачнини. Нутриционистите препорачуваат љубителите на пуканки да ја направат оваа „закуска“ на традиционален начин.

Виршли
Виршлите се познати по тоа што се направени од се што сите треба да избегнуваме. Во нив се додава соја, скроб, зачини, вода, многу сол, конзерванси, како и бојата што се наоѓа во кармините и екстрактот од пиперка. Кога сето тоа ќе се измеша, добиваме виршли, кои поради сите овие состојки и нивното влијание врз организмот треба целосно да се исфрлат. Но, не е крај на светот бидејќи како алтернатива се нудат домашни колбаси.