Дали овој популарен напиток може да го заштити здравјето на црниот дроб? Еве што велат експертите

Фото: Pixabay
217

Пиењето на утринското кафе може да биде добра навика за заштита на здравјето на црниот дроб.

Ако сте слушнале за неалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD), знаете дека таа погодува премногу луѓе, а во Америка, според Универзитетот Џон Хопкинс, околу 20 проценти од возрасните страдаат од оваа состојба.

Можеби знаете и дека оваа состојба може да доведе до оштетување на црниот дроб и негативно да влијае на работата на тој орган. За среќа, секој што сака може да го спречи развојот на оваа болест следејќи одредени навики. Ова може да значи дека треба да го намалите холестеролот, да избегнувате алкохол и да одржувате здрава тежина. А можеби треба да се напиете и шолја кафе, барем така нагласуваат научниците во новото истражување.

Резултатите од новата студија, објавена во списанието Nutrients, а под покровителство на Институтот за научни докази за кафе, вклучува 156 средовечни возрасни лица кои биле на граница на дебелина, додека 98 од нив имале дијабетес тип 2 (T2D). Студијата имала за цел да ја докаже врската помеѓу консумацијата на кафе и неалкохолното заболување на црниот дроб, а учествувале и научници од Центарот за невронаука на Универзитетот во Португалија. Резултатите ги објасниле во Medical News Today.
„Факторите на ризик за неалкохолно масно заболување на црниот дроб и дијабетес тип 2 се слични и вклучуваат дебелина, отпорност на инсулин, воспаление на црниот дроб и масното ткиво“, вели д-р Џон Грифит, главен научник на оваа студија.

За време на студијата, биле земени податоците на секој учесник, волуменот на телото, примероците на крв и урина и бил испитан црниот дроб. Покрај тоа, тие одговарале на прашања и морале да запишат кога и колку пиеле кафе, како и други пијалаци кои содржат кофеин.

Резултатите од студијата покажале дека кафето може да помогне да се спречи развојот на потешки симптоми на неалкохолно масно заболување на црниот дроб.

„Нашата студија покажува дека повисоките кумулативни количини на кофеински и безкофеински метаболити измерени во текот на 24 часа во урината се поврзани со помалку тежок профил на неалкохолно масно заболување на црниот дроб.

Точниот механизам зад овие податоци, кој вели дека кофеинот може да влијае на болеста, не е сосема јасен, но некои студии велат дека консумирањето кафе може да ја подобри чувствителноста на инсулин, да ги намали воспалителните процеси и последиците од оксидативниот стрес, а сето тоа се фактори кои се поврзани со развој на неалкохолни масни заболувања на црниот дроб“, вели д-р Адил Макбук, научник од Јапонија, додавајќи дека тој лично верува дека оваа врска е сложена и бара дополнително истражување.

„Во меѓувреме, правилната исхрана, физичката активност и здравиот начин на живот сè уште се најдобри начини да се спречи можноста за развој на неалкохолно масно заболување на црниот дроб“, додава тој. Што се однесува до пациентите со дијабетес, тој советува дека мора тесно да соработуваат со својот лекар за да ја задржат состојбата под контрола и да спречат понатамошни компликации.