Со оглед на тоа што станува збор за закрепувачко јадење полно со витамини, минерали и други хранливи материи, честопати се нарекува и италијански пеницилин.
Пастина се вид на мали тестенини кои се користат во Италија за подготовка на различни јадења. Ова е исто така името на популарната супа од зеленчук и тестенини.
Со оглед на тоа што станува збор за закрепувачко јадење полно со витамини, минерали и други хранливи материи, честопати се нарекува италијански пеницилин.
Во супата можете да ставите само пилешки бујон, но можете да ставите и малку пилешко месо.
Секако, бидејќи не сме во Италија, наместо нивните пастини, можете да користите други мали тестенини за супи или орзо тестенини.
Состојки:
1 л пилешки бујон
200 гр мали тестенини
45 гр рендан пармезан
30 гр путер
3 моркови
2 стебленца целер
1 кромид
1-2 чешниња лук
сол и бибер по желба
сок од лимон за сервирање
Подготовка:
Во поголемо тенџере растопете го путерот и во него испржете ги сечканите моркови, целерот и кромидот – пржете го зеленчукот околу пет минути додека да омекне.
Додадете го сечканиот лук и продолжете со пржењето околу уште една минута.
Префрлете го зеленчукот во блендер и испасирајте го. Вратете го пирето во тенџерето и додадете го пилешкиот бујон.
Измешајте. Зачинете сè заедно со сол и бибер. Додадете ги малите тестенини во тенџерето и варете ги пет до десет минути додека не се целосно сварени. Додадете рендан пармезан во супата кон крајот на готвењето. Послужете ја супата со малку свежо цеден сок од лимон и дополнителна количина пармезан по желба.