Свеж зеленчук во погрешно време: Природата знае што и кога ни треба!

Фото: Pexels
1.891

Некои видови на овошје и зеленчук се најскапи во периодот кога се најмалку здрави. Периодов на Велигденските празници многу се зборуваше за цените на зеленчуците, но со оглед на тоа што се уште не им е сезона, не се ни исплатеше да се купуваат. Ем се скапи, ем невкусни

Надвор од класичната препорака, да се јаде многу свежо овошје и зеленчук, експертите секогаш препорачуваат сезонски производи. Зошто?

Па, ако на пролет ни треба детоксикација на целото тело, по студената сезона и консумирањето на потешка храна, природата секогаш ни го нуди решението – свежи зеленила. Во лето, кога температурите ја надминуваат границата на пријатност, природата повторно ни скока напомош со вкусни и освежителни овошја и салати. Есента е време на доцни корени и плодови, кои ни даваат многу витамини и минерали и со тоа го подготвуваат нашето тело за следниот студен период, зајакнувајќи го нашиот имунитет. И, конечно, во зима, кога на нашето тело му се потребни резерви за да издржи на многу ниски температури, тука е појаката и покалорична храна.

Значи, мајката природа смислила сè и рамнотежата на здравиот живот лежи во нашето прилагодување кон секоја сезона. Оттука и препораката да се јадат сезонски производи. Бидејќи надвор од нашите кулинарски преференции, диети или што било друго, природата секогаш го има најдоброто решение за нас и за здравјето на нашето тело.