Светската здравствена организација (СЗО) објави нови резултати од истражување што покажуваат загрижувачки ниска свест за врската помеѓу алкохолот и ракот во Европа, што ја поттикна да повика на воведување јасни и видливи предупредувања на алкохолните пијалаци, слични на оние на цигарите.
Алкохолот предизвикува 800.000 смртни случаи во Европа секоја година, но само мал процент од населението е свесен за ризиците, соопшти европската канцеларија на СЗО, повикувајќи се на ново истражување.
Светската здравствена организација (СЗО) ги објави новите резултати што покажуваат загрижувачки ниска свест за врската помеѓу алкохолот и ракот во Европа, што ја поттикна да повика на воведување јасни и видливи предупредувања за алкохолните пијалaци, слични на оние на пакувањата со цигари.
Само 15 отсто од испитаниците знаат дека алкохолот предизвикува рак на дојка, додека 39 отсто се свесни за неговата поврзаност со ракот на дебелото црево, се вели во соопштението на СЗО.
Се додава дека „јавната свест за врската помеѓу алкохолот и ракот, покрај тоа што ракот е водечка причина за смрт од алкохол во Европската унија, е алармантно ниска“.
СЗО повторно предупреди дека алкохолот предизвикува рак и поддржа јасно означување на производите, но првпат јасно повика на нови владини регулативи.
Предупредувањата треба да бидат во писмена форма, кои би можеле да се комбинираат со фотографии.
Во моментов, само три од 27 земји на ЕУ имаат такви предупредувања.