Тарт од сливи и бадеми за кој не ви треба рерна: Најтешкиот дел од рецептот е чекањето да се стегне

Фото: Pexels
273

Одлична комбинација од бадеми, чоколадо и свежи сливи ќе им се допадне на љубителите на чоколадо, овошје и десерти со јаткасти плодови.

Свежо набрани или суви, во кнедли, компот или како џем, сливите нè засладуваат цела година – а ние не се жалиме. Исто така, го сакаме тоа чувство кога готвиме (и печеме) со состојки на кои им е сезоната, како да сме малку повеќе поврзани со природата и преку храната го славиме нејзиното богатство.

Сакајќи да пробаме нешто ново и вкусно со сливи, најдовме неколку рецепти за тартови со сливи, а особено нè привлече овој што го споделуваме со вас – затоа што не се пече. Одлична комбинација од бадеми, чоколадо и свежи сливи која ќе им се допадне на љубителите на чоколадо, овошје и десерти со јаткасти плодови.

Тартот лесно се подготвува – ги блендирате состојките и ги истурате во калап, а потоа го топите чоколадото и го преливате. Одозгора се уште свежите сливи, а бидејќи колачот се јаде ладен, за финале, можете да го послужите со лесен прелив од топла ванила во кој ќе додадете неколку чоколадни солзи (и не мешајте).

Состојки за тарт од сливи и бадеми:
За кората:

1 шолја бадеми
1 чаша суви сливи без семки
2 лажици органско какао
прстофат сол
1 супена лажица вода (по потреба)

За филот:

500 гр свежи сливи
100 гр темно чоколадо
1 лажица мед
1 лажица путер од бадем
1 лажичка екстракт од ванила
прстофат сол

Приготвување:
Смелете ги бадемите во блендер и додајте суви сливи, какао и прстофат сол. Сите состојки измешајте ги во компактна смеса. Доколку е потребно, додадете вода за да се постигне компактност на смесата.
Подгответе калап за печење со дијаметар од околу 20 см и обложете го со хартија за печење.
Смесата притиснете ја во калапот, а потоа ставете ја во фрижидер да се стегне.
Додека кората се лади, подгответе го филот. Растопете го темното чоколадо и додадете го путерот од бадеми, медот и екстрактот од ванила. Добро измешајте.
Извадете ја кората од фрижидер и прелијте ја со чоколадниот фил.
Измијте ги и ситно исечкајте ги свежите сливи и додајте ги преку чоколадниот фил.
Тартот вратете го во фрижидер на најмалку два часа.
Пред сервирање, тартот можете да го поросите со уште малку органско какао.