Темјанот како лек: Го смирува нервниот систем, го подобрува варењето, а би можел да помогне и како лек за рак на јајници

Фото: Pexels
858

Темјанот не е само миризлива смола што се користи во религиозните церемонии, туку и моќен сојузник за зачувување на здравјето. Многумина го сметаат за клуч за постигнување внатрешна рамнотежа и општа благосостојба, а според некои понови истражувања, би можел да помогне и во лекувањето на ракот на јајниците.

Во денешното брзо темпо на живот, каде што стресот и заморот се чести придружници, луѓето се повеќе бараат природни начини за зачувување на своето здравје. Во овој контекст, темјанот, древна смола што се користи илјадници години, е сè поважен како лек за телото, но и за умот.

Темјанот, добиен од дрвото Boswellia, не е само миризлива смола што се користи во религиозните церемонии, туку и моќен сојузник за зачувување на здравјето. Многумина го сметаат за клуч за постигнување внатрешна рамнотежа и општа благосостојба.

Темјанот како лек

Еден од начините на кои темјанот се користи како лек е во ароматерапијата. Согорувањето на темјанот ослободува есенцијални масла кои имаат смирувачки ефект врз нервниот систем. Мирисот на темјан поттикнува релаксација, го намалува стресот и помага да се подобри расположението. Оваа древна практика станува сè попопуларна меѓу луѓето кои сакаат да најдат природен пат до ментална благосостојба.

Темјанот, исто така, има силни антиинфламаторни својства кои го прават корисен за лекување на разни здравствени проблеми. Кога се користи во облик на тинктура или маст, може да помогне да се намали болката предизвикана од воспалителни состојби, како што е артритисот. Покрај тоа, темјанот поттикнува регенерација на клетките, што го прави корисен за побрзо зараснување на раните и лузните.

Во ајурведската медицина, често се користи за стимулирање на варењето. Може да се конзумира како тинктура или да се додаде во оброците за да се стимулира производството на дигестивни ензими и да се олесни апсорпцијата на хранливите материи.

Лековитите својства на темјанот, исто така, помагаат да се намалат симптомите на стомачните болести, вклучително и Кронова болест и улцерозен колитис.

Темјанот како лек за рак на јајници

Според резултатите од едно поново истражување, темјанот би можел да помогне и во лекувањето на ракот на јајниците.

Освен тоа, некои претходни истражувања покажале дека темјанот е корисен за лекување и на некои други форми на рак, вклучително и рак на дојка, дебело црево и простата, благодарение на супстанцијата што ја содржи – 3-ацетил-11-кето-бетабосвелинска киселина (AKБA).

По една година лабораториска анализа на оваа супстанца, научниците од Универзитетот „Лестер“ во Велика Британија ја тестирале на низа клетки на рак на јајниците во доцна фаза, од кои некои биле отпорни на хемотерапија.

АКБА ефикасно ги уништила клетките на ракот на јајниците, а научниците биле особено изненадени кога откриле дека клетките на ракот кои претходно биле отпорни на хемотерапија станале почувствителни на овој вид терапија по употребата на темјан. Затоа тие веруваат дека темјанот може да биде многу корисен за спречување на отпорноста на лекови, но и дека може да придонесе за подобрување на стапката на преживување на пациентите со доцна фаза на рак на јајниците.
Исто така, добро е што темјанот не дава никакви несакани ефекти, а авторите на ова истражување сметаат дека има доволно потенцијал да се доведе на ниво на клиничко истражување и да се развие во дополнителна терапија за третман на рак на јајниците во иднина.


Чај од темјан
Еве едноставен рецепт за правење чај од темјан:

Потребни состојки:

1 лажичка темјан (здробен)
1 чаша вода
Мед по желба

Приготвување:

Сварете ја водата и оставете малку да се излади (на околу 80-90 степени Целзиусови).
Темјанот ставете го во чајник или во шолја.
Прелијте го со топла вода, покријте го и оставете да отстои 5-10 минути за да се испуштат ароматичните соединенија на темјанот во водата.
Процедете го чајот за да ги отстраните сите парчиња темјан.
Додадете мед по желба за да го засладите чајот.

Што знаеме за темјанот?

Сѐ  поголем број луѓе во последните неколку децении користат темјан, односно, палат темјан за да го прочистат воздухот или за да лекуваат различни болести. Но што всушност знаеме за темјанот?

Темјанот се собира од смолата на различни билки кои растат на Арапскиот полуостров, најпозната е Boswellia. За да се добие миризлива супстанција, потребно е а се собере жолтеникава смола, која се одбира според различни карактеристики и својства, според бојата, величината или чистотата.

Во минатото го користеле во текот на верските обреди или за отстранување на непријатните мириси. Се сметало дека чадот од темјан усмерен кон небото воспоставува контакт со боженството и затоа го користеле многу древни цивилизации како што се Египет, Етрурците, Римјаните (кои го користеле за прочистување на околината или како данок за мртвите), како и Маите. Темјанот се користел и во Ајурведската медицина, а и денеска, оваа медицина ги употребува корисните својства на темјанот за подготвување на масти против кожни проблеми, како и во текот на изведувањето јога-вежби за концентрација и медитација. Модерниот свет го користи во ароматерапијата, како и во фармацевтската индустрија и изработката на парфеми.

Темјанот може да се најде во форма на зрна, во прав, во капсули кои содржат сув екстракт или во облик на етерично масло и може да се користи во многу случаи:

Крем против брчки: Само капнете неколку капки етерично масло во обична хидратантна крема, а потоа нанесете на кожата.

За искашлување, против синусит, бронхитис, астма, алергии или настинки: подгответе када со врела вода, ставете 5/6 капки етерично масло од темјан и еукалиптус, а потоа седете во неа барем 15 минути.

Циститис: Против овој здодевен проблем на мочниот меур, ќе ви помогне доколку ставите 5 капки етерично масло од темјан во 250 мл превриена вода и секојдневно масирајте се.

Менструални болки или грчеви во стомакот: масирајте го долниот дел од стомакот откако ќе помешате 1 лажица бадемово масло и неколку капки етерично масло од темјан.

Исто така, темјанот е билка која помага и кај други болести, како депресија или анксиозност. Со години се користи за лекување на артритис, како и на разни кожни заболувања.