Топ 10 антиканцерогени зеленчуци: Еве што најдобро ќе ви помогне да го спречите или да го победите ракот

Фото: Freepik
1.876

Во бројни истражувања се покажало дека одредени растенија содржат повеќе од 100.000 фитонутриенти кои имаат моќ не само да го спречат ракот туку и да го инхибираат неговиот раст!

Исхраната дефинитивно игра важна улога кога станува збор за здравјето, а знаеме дека постојат природни намирници кои имаат силно антиканцерогено дејство па добро е секој од нас да ги воведе во исхраната превентивно или како дел од борбата со ракот.

Со честото консумирање на одредени видови зеленчук, не само што можете да го спречите ракот, туку и да го помогнете да се спречи неговото ширење.

Станува збор за зеленчук кој за разлика од хемотерапијата го зајакнува организмот и имунолошкиот систем.

Американецот Крис Ворк е еден од оние кои го излечиле ракот на дебелото црево со здрава исхрана и сокови од зеленчук.

Тој открива кои 10 видови на зеленчук многу често се наоѓаат во неговата чинија.

Ако јадете, на пример, лук, кромид и брокула многу често, би можеле еднаш засекогаш да му кажете „збогум“ на ракот.

Бројни истражувања ја потврдуваат моќта на зеленчукот во борбата против ракот

Крис Ворк вели дека постојат илјадници научни студии кои ги потврдуваат лековитите својства на одредени видови зеленчук.

Имено, се покажало дека одредени растенија содржат повеќе од 100.000 фитонутриенти кои имаат моќ не само да го спречат ракот туку и да го инхибираат неговиот раст!

Во далечната 2009 година, научниците екстрахирале сокови од 34 видови зеленчук и ги тестирале нивните антиканцерогени ефекти такашто накапувале со нив различни видови туморски клетки.

Оваа студија ја покажала убедливата супериорност на одредени видови зеленчук кога станува збор за антиканцерогена активност – ова особено се однесува на зеленчуците од родот Allium и оние од семејството на зелките.

Топ 10 зеленчуци против рак

Лук
Праз
Кромид (жолт и млад кромид)
Брокула
Прокељ
Карфиол
Кељ
Црвена зелка
Спанаќ
Цвекло

Зеленчук од родот Allium

Кога станува збор за антиканцерогена активност, првото место го зазема зеленчукот од родот Allium. Ова ги вклучува, меѓу другото, лукот, празот и кромидот.

И другите зеленчуци од овој род се сметаат за исклучително здрави и имаат одлични антиканцерогени ефекти, но, лукот секако е сојузник број 1 против ракот. Содржи уникатна компонента наречена алил-сулфид, која според истражувањата има негативно влијание на неколку процеси во настанувањето и развојот на ракот.

Во една студија спроведена во 2009 година, лукот целосно го запрел растот на овие видови на рак:

рак на дојка
тумор на мозокот
рак на белите дробови
рак на панкреасот
рак на простата
рак на желудникот
Веднаш до лукот е и празот. Овој претставник од родот Allium има најсилно дејство против клетките на ракот на бубрезите.

Кога станува збор за овој рак, веднаш зад празот во однос на лековитата моќ повторно е лукот!

Покрај лукот и празот, други зеленчуци од родот Allium и од родот на зелки го запреле развојот на неколку различни видови на рак.

Најновото истражување покажало дека кај луѓето кои често консумираат повеќе видови алиум зеленчук, ризикот од колоректален карцином е намален за дури 79 проценти.

Од родот на зелки

Тука спаѓаат брокула, прокељ, кељ, карфиол и зелка. Овој зеленчук содржи антиканцерогени материи, како што се глукозинолати, мирозиназа и сулфорафан.

„Кога го сечкаме или џвакаме овој зеленчук, ги разбиваме нивните растителни клетки и на тој начин дозволуваме ензимот мирозиназа да се врзе за глукозинолатот.

Притоа настанува хемиска реакција и на тој начин се формираат моќните антиканцерогени материи изотиоцијанати (ITC).

Овие супстанции се одговорни за детоксикација и чистење на телото од канцерогени материи, ги уништуваат клетките на ракот и го спречуваат неговиот раст“, ​​вели д-р Џоел Фурман, семеен лекар кој има напишано и неколку бестселери по избор на Њујорк Тајмс.

За да ја предизвикаме споменатата хемиска реакција, д-р Фурман препорачува зеленчукот да се исечка и добро да се џвака или да се изблендира сиров во соковник пред консумирање.

Доколку го готвите овој зеленчук, никогаш не гответе го долго бидејќи би уништиле сѐ што е вредно во него. Најдобро е да се јаде сиров или многу кратко бланширан.

Спанаќ и цвекло

Кога станува збор за антиканцерогена активност, спанаќот и цвеклото не заостануваат зад зеленчуците од родот Алиум и оние од семејството зелки.

Заедно со изобилството на други антиоксиданти и хранливи материи, спанаќот содржи и бета-каротен и лутеин, кои помагаат во заштитата од рак.

Ако сакате да се заштитите од рак, консумирајте цвекло на дневна основа. Неговата интензивна црвено-виолетова боја доаѓа од беталаинот. Овој моќен антиоксидант буквално го изгладнува ракот и го спречува неговиот понатамошен раст. Покрај тоа што обезбедува добра заштита од рак, цвеклото фантастично ќе го подобри вашето варење и крвната слика.

Дополнителен совет

Пробајте ја салатата против рак на Крис Ворк, која вклучува сиров спанаќ, кељ, брокула, карфиол, кромид, црвена зелка и лук.

Можете исто така да дизајнирате своја верзија на салата или јадење што ќе содржи што е можно повеќе намирници против рак.