Чистење на организмот со кефир: Едноставен рецепт од 3 состојки

Фото: Freepik
501

Со помош на едноставен рецепт од само 3 состојки, освен што ќе го исчистите телото од токсини, ќе го изгубите и вишокот килограми на здрав начин.

Во денешно време сме изложени на токсини од воздухот што го дишеме, а дополнително го оптоваруваме организмот со адитиви и други штетни состојки од преработената храна и водата што ја пиеме.

Работите да бидат уште полоши, буквално се капеме во електромагнетното зрачење од уредите со кои сме опкружени.

Сето ова доведува до зголемена концентрација на токсини и тешки метали, кои нашето тело не успева да ги елиминира.

Кога телото повеќе не може да ја толерира количината на штетни материи, тој испраќа аларм во форма на сериозни болести.

За да го спречите тој проблем и да го исчистите телото од токсини, направете детоксикација најмалку двапати годишно.

Добрата вест е дека детоксикацијата не мора да биде скапа.

Според еден стар рецепт, сѐ што ви треба за ефикасно чистење на телото се овие три состојки: кефир, брашно од хељда и мед.

Кефир – храна за долговечност

Кефирот е основна храна на жителите на Кавказ со милениуми.

Овој ферментиран млечен производ со причина е наречен „еликсир на долговечноста и здравјето“.

Познато е дека луѓето кои го консумираат наутро се чувствуваат многу подобро во текот на денот.

Кефирот содржи добри бактерии кои го помагаат варењето и ги чистат цревата од остатоците од храната. Освен тоа, одлично ја помага работата на црниот дроб, кој е главниот чистач на телото.

Овој млечен производ има уште едно одлично својство – хипоалергично е, што значи дека може да го консумираат оние кои вообичаено имаат алергија на млеко.

Наместо да купувате готов индустриски произведен кефир, многу подобро е доколку сте во можност сами да го направите дома.

Хељда – ја консумираат и спортисти

Брашното од хељда е најпознато меѓу оние кои се чувствителни на глутен.

Ова брашно без глутен, богато со витамини и минерали, делува многу поволно на целото тело.

Освен што го зајакнува имунитетот, ги зајакнува крвните садови и помага во спречување на атеросклероза, хељдата ја поттикнува циркулацијата и доброто варење, што е основен предуслов за исфрлање на токсините од телото.

Хељдата го чисти телото и во исто време го храни со потребните хранливи материи, па нема ризик дека со детоксикацијата ќе го изгубите она што му е потребно на вашиот организам.

Дали знаевте дека хељдата спортистите ја користат не само за чистење на цревата и телото од токсини, туку и за зголемување на силата и издржливоста?

Друга предност на ова здраво брашно е тоа што брзо прави да се чувствувате сити.

Брашното од хељда е одлично во комбинација со кефир бидејќи во оваа синергија не само што ги чисти цревата и крвните садови, туку и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта и го стимулира метаболизмот.

Кефирот и хељдата во комбинација го чистат целиот дигестивен систем и го враќаат балансот на микроелементите.

Ако конзумирате брашно од хељда и кефир, ќе го избалансирате нивото на шеќер во крвта, а ако страдате од неправилно варење, ќе го решите и тој проблем.

Мед – вистинска ризница на антиоксиданти

Иако не мора да додавате мед во овој рецепт, тој е секогаш добредојдена состојка.

Медот, кој е вистинска ризница на антиоксиданти и хранливи материи, исто така го поттикнува чистењето на телото, истовремено снабдувајќи го со витамини и минерали.

Рецепт за детоксикација
Состојки:

1 лажица брашно од хељда
180 мл кефир
малку мед (по желба)

Приготвување:

Во вечерните часови измешајте брашно од хељда и кефир. Оставете ја мешавината во фрижидер до изутрина.

Наутро додадете мед и повторно добро измешајте.

Консумирајте ја смесата наместо појадок. Потоа, не јадете ништо најмалку 3 часа. Практикувајте ја оваа детоксикација две недели.

Освен што ќе го исчистите телото од токсини, ќе го изгубите и вишокот килограми на здрав начин.