Tоп 12 видови храна за снижување на холестеролот

Фото: Unsplash
375

Ако сакате да го намалите холестеролот, строгото избегнување на сите масти не е решение. Трикот е во умереноста и рамнотежата.

Холестеролот е еден од најконфузните аспекти на здравјето. За многумина, диетата за намалување на холестеролот се состои од немасна, безвкусна храна. Но, тоа не е вистина!

Ако сакате да го намалите холестеролот, строгото избегнување на сите масти не е решение. Трикот е во умереноста и рамнотежата.

Холестеролот е природна компонента на нашето тело и е неопходен за нормално функционирање на клетките, нервите и хормоните.

Холестеролот циркулира низ телото и нормално не се депонира во крвните садови, но кога ќе се појави воспалителна состојба во крвните садови, „лошиот“ холестерол (ЛДЛ) се таложи во артериите и ги стеснува, попречувајќи го протокот на крв. Ова создава предуслови за срцев или мозочен удар. Некои луѓе се особено чувствителни на висок холестерол.

Еве 12 видови на храна кои го намалуваат холестеролот:

Зеленчук: скоро сите зеленчуци се добри, особено се богати со влакна, кромидот, зелката, брокулата и артичокот;
Јаткасти плодови: речиси сите се здрави, особено бадемите;
Ленено семе: богат извор на здрави масти;
Маслиново масло, особено екстра девствено;
Авокадото го зголемува добриот и го намалува лошиот холестерол;
Лосос – еден од најдобрите извори на антиинфламаторни омега-3 масти;
Житарки без глутен – одличен извор на влакна: киноа, овес, хељда, амарант;
Зелен чај – богат со антиоксиданти;
Грав (и други мешунки: грашок, леќа, соја, кикирики…),
Куркума – го намалува холестеролот, го спречува создавањето на згрутчување, го зајакнува имунитетот, ги балансира хормоните и слично;
Лук: противвоспалително дејство, го намалува холестеролот, има антивирусно дејство, антидијабетик и имунолошки зајакнувач;
Слатки компири – богати со растителни влакна, нискокалорични, богати со калиум.

Каква храна треба да избегнувате ако сакате да го одржувате ниското ниво на холестерол?

Ова е храна која може да предизвика воспаление во крвните садови и да депонира холестерол во нив:

  • спакувана и преработена храна од секаков вид,
  • шеќер,
  • рафинирани житни производи,
  • неоргански, хомогенизирани и пастеризирани млечни производи,
  • храна од животинско потекло од масовно индустриско одгледување,
  • премногу кофеин,
  • премногу алкохол.