Три знаци на расипан мед!

Фото: Pexels
275

Медот не се расипува толку лесно, но не е невозможно. Дали знаете како да препознаете мед што не смеете да го јадете?

Многумина веруваат дека медот е единствената намирница која трае засекогаш. Речиси никој не се грижи за тоа дали ќе му помине рокот на траење или ќе мувлоса, но вистината е малку посложена. Нема да се расипе за да содржи опасни бактерии во теглата, но медот може да покисел кога ќе се исцеди незрел и кога во него има вишок вода. Доколку се чува во недоволно затворени садови и во влажни простории каде што ја впива влагата, може да има и кисел вкус.

За да знаете дали медот ви се расипал, внимавајте на неговиот мирис и вкус, како и на изгледот, доколку на некој начин се променил. Пробајте капка мед. Ако вкусот е кисел, најверојатно вашиот мед е ферментиран и не е погоден за консумирање. Исто така, медот ќе почне да мириса поинаку бидејќи киселоста ќе се почувствува во самата арома.

Покрај тоа, на неговата површина може да се појави бела пена. И конечно, текстурата на висококвалитетниот мед значително се менува кога ќе му истече рокот на траење. Се формираат бели кристали, односно некакви непривлечни лушпички. Ако видите такво нешто, не ризикувајте да го јадете. Експертите велат дека може да се појават стомачни проблеми.

Сепак, медот во својата природна форма има многу малку влага. Многу малку бактерии и микроорганизми можат да преживеат во такви услови. Тој е природно кисел и има pH помеѓу 3 и 4,5, што е доволно за да „убие“ практично сè што би сакало да се насели во медот. Затоа медот не може толку лесно да се расипе.