Трикови кои ќе ви го олеснат готвењето, а јадењата ќе бидат многу подобри

фото: Unsplash
136

Според студиите, во просек трошиме околу 6 и пол часа неделно на готвење. Сепак, истите овие студии покажуваат дека само секој трет човек навистина ужива во готвењето. Причини за тоа секако има многу, но водечко е тоа што не сме задоволни од храната или пак ни пречи самиот процес на приготвување на намирниците. За да ви олесниме, ви предлагаме неколку.

За секогаш совршени тестенини

За готвење тестенини, советува порталот Bright Side, користете тенџере со капацитет од 6 литри. Наполнете во него вода за да покрие 3/4 од тенџерето за тестенините да не бидат лепливи и преварени. Ако сервирате тестенини со сос, никогаш не додавајте масло во водата бидејќи ќе ги покрие тестенините и сосот нема да се впие. Најважно при готвењето на тестенините што ќе ги послужите со сосот е секогаш да ги готвите околу 2 минути помалку од упатството на пакувањето, бидејќи врелиот сос и онака дополнително ќе ги „зготви“.

Уште подобро топло чоколадо

Ако сакате слатки и редовно ги печете, тогаш знаете дека трикот на повеќето луѓе со чоколадото е да додадат прстофат сол. Така е и со подготовката на топло чоколадо. За да биде совршен, посолете. Воопшто нема да го „засоли“, туку ќе го направи послатко. Причината е едноставна – солта ги принудува нашите рецептори за вкус да работат поактивно, па слаткиот вкус се засилува.

Кремав сос од домати

Ќе се изненадите колку луѓе мислат дека е доволно да фрлите пасирани домати во тенџере, да ги загреете и да ги послужите со, на пример, варено говедско месо. Сепак, подготовката на вистински „сос од домати“ не е многу покомплицирано од тоа. Сѐ што ви треба е на тивок оган да пропржите исчистен лук исечен на половина на маслиново масло, додадете домат (пасиран, во туба или свеж, кога е во сезона) и динстајте околу 20 минути. Кога ќе се намали доволно, додадете путер кој ќе ја неутрализира киселоста на доматите, а сосот ќе стане мек, свилен и кремаст.

Совршено зачинето похувано

Не знаеме за вас, но на многумина им се случува веќе посоленото месо да мора повторно да се посолува по похувањето. Ова најчесто се случува затоа што солиме во погрешно време. Затоа, не е на одмет да се спомене кога всушност се посолува месото што ќе го похуваме. Посолете ја храната за панирање непосредно пред панирањето или додајте повеќе сол во јајцата низ кои ја поминувате храната за похување.