Костените може да се чуваат до три месеци без да се расипат, да се исушат или да го загубат вкусот

Фото: Pexels
180

Со овој метод омилените есенски плодови ќе останат свежи, здрави и полни со вкус дури и кога ќе дојдат зимските денови.

Сите на кои костените им се омилените есенски плодови се мислат како да ги зачуваат за да можат да уживаат во нив и во текот на зимата. Да, секако дека може да ги јадат во пире од костени, ролат од костени, слатко од костени, … Но, што ако сакате да ги зачувате за деновите кога веќе ги нема на пазарите и кај уличните продавачи, а вам баш ви се јадат?

Секако, има одреден шарм во тоа што одредени намирници не ни се достапни во текот на целата година, можеби затоа, веројатно ќе се сложите, повеќе ги сакаме. Сепак, докажано е дека еден традиционален „рецепт“ помага доколку имате вишок од овите прекрасни плодови кои би сакале да ги зачувате. А најдоброто од сѐ е што со него костените остануваат свежи и до три месеци – без да се расипуваат, да се исушат или да го загубат вкусот, иако им поминала сезоната.

Овој едноставен трик, кој го нарекуваме и метод на „потопување“, нашите предци го користеле уште од многу одамна, бидејќи тогаш немало фрижидери во домаќинствата, или барем не во секое домаќинство. Ова е процес во кој собраните костени прво добро се мијат, а потоа се натопуваат во свежа вода. Сите оние кои би испливале на површината првиот ден би биле отстранети, а сите останати би останале потопени во водата уште една недела, со тоа што водата се менува секој ден. По осум дена, костените се сушат, по можност на голема маса врз памучна покривка за маса или врз кујнски крпи. Кога ќе се исушат костените, со нив полниме големи тегли кои прво мора да се стерилизираат во рерна и да се изладат, а потоа добро да се затворат со капак. Вака подготвените костени треба да се чуваат на темно, суво и ладно место и да се консумираат во рок од три месеци.

Секако, ако ова ви е премногу комплицирано, секогаш можете да ги сварите костените, да ги исчистите и да ги замрзнете во замрзнувач.