Ураа! Пицата може да помогне во ублажување на симптомите на една болест: Интересно откритие на италијанските научници

Фото: Pexels
404

Да, да, знаеме дека сте сега полни со надеж дека станува збор токму за вашиот проблем. Прочитајте подолу за која автоимуна болест станува збор

Научниците од Италија открија дека пицата може да помогне да се намали болката предизвикана со еден вид на автоимуна болест и до 80 проценти.

Пицата е еден а од омилените брзи оброци, а се чини дека не само што не е толку штетна за нашето здравје, туку напротив, може и да помогне кога станува збор за некои автоимуни болести.

Имено, доколку е направена од свежи состојки, таа, според истражувањата на италијанските научници, може да ги ублажи симптомите на ревматоиден артритис.

Тоа е автоимуна болест која се јавува кога имунолошкиот систем по грешка ги напаѓа здравите клетки, предизвикувајќи воспаление и оток. Болната состојба предизвикува вкочанетост во зглобовите, а лек нема.

Научниците од Италија, домот на пицата, открија дека јадењето најмалку половина пица неделно може да помогне да се намали болката предизвикана од ревматоиден артритис до 80 проценти.

Експертите велат дека ова се должи на антиинфламаторните својства кои се наоѓаат во некои од свежите состојки.

„Поволните ефекти веројатно се должат на моцарелата и, во помала мера, на маслиновото масло, но не можевме да го процениме можниот ефект на сосот од домати“, напишале истражувачите во заклучокот од студијата објавена во списанието Nutrients.

Експертите ја анализирале врската помеѓу консумирањето пица и нејзиното влијание врз ревматоидниот артритис кај 365 луѓе на возраст меѓу 18 и 65 години. Учесниците кои јаделе половина пица повеќе од еднаш неделно пријавиле намалување на болката во споредба со оние кои јаделе две пици месечно.

Оние со потешки форми на болеста кои јаделе половина пица неделно доживеале намалување на болката за 80 отсто во споредба со групата која ја консумирала поретко.