Не го корнете како плевел, ставете си го во салата! Знаете ли што е тушт и зошто е толку здрав?

607

Тушт е лековито растение за кое малкумина знаат, иако може да се најде насекаде. Тоа е плевел, кој расте насекаде. Ако го здогледате во вашата градина, наместо да го корнете, ставајте го во салата или направете чорба…Само внимавајте да не го помешате со отровните билки кои изгледаат слично на него, па научете како да ги разликувате

Сигурно сте го виделе многу пати, а можеби и сте го корнеле со оглед на тоа што се шири како плевел. Ова растение може да се најде во градините, дворовите, па дури и на тротоарите и е исклучително лековито и богато со многу витамини, па има благотворно дејство врз организмот.

Станува збор за тушт, тушница, толчница или пеплис, на латински Portulaca oleracea, а на англиски purslane. Медицинските студии ги покажале лековитите својства на растението, кое ефикасно влијае на здравјето, намалувајќи го нивото на холестерол во крвта.

Ова растение потекнува од Кина и Индија, каде што се користи како зачин и зеленчук. Французите и Англичаните го консумираат во супи и чорби, но и како свежа салата. На Блискиот Исток е незаменлива состојка во многу јадења.

Тоа е диво растение, кое се одгледува насекаде низ светот. Кај нас диво расте покрај куќи и тротоари, како и на сончеви места, како плевел во бавчи и лозја.

Има малку солен вкус и може да се користи како совршен зачин. Целото растение може да се користи во исхраната, било свежо или варено. Младите листови најчесто се користат свежи во салати, додека постарите листови се варат и се подготвуваат во супи или чорби.

Исто така, ова растение може да се најде во кисели краставички, додека од неговото мелено семе се добива хранливо брашно.

Научниците од Универзитетот Сан Антонио во Тексас утврдиле дека толчницата има најголемо количество на Омега 3 масни киселини од кое било друго јадливо растение. Освен со Омега 3, полн е со витамин Ц, содржи и витамини А, Б, Е, потоа калциум, магнезиум, железо. Добар е и за болести на срцето и на крвните садови поради Омега 3 кој спречува згрутчување на крвта и превенира од  мозочни и срцеви удари. Научниците велат дека ги зајакнува и коските, мускулите и врзивните ткива.

Потребно е растението да се подготви и конзумира веднаш по берењето. Имено, благотворното дејство на туштот исчезнува набргу по берењето. Инаку, делува и на зголемување на имунитетот, против нервоза и депресија, го  подобрува дигестивниот систем, добар е за здрава и еластична кожа, има антибактериско и антигабично дејство. Исто така, тој е диуретик и благ лаксатив, па се користи дури и за слабеење. Се консумира и како чај.

Инаку, туштот има месести ливчиња, со розово, црвеникаво стебло кое е легнато на земјата, расте и се шири меѓу други растенија и ги потиснува. Ако се откорне и се најде до земја, повторно брзо се вкоренува. Токму како плевел. Има жолти цветови и е медоносно растение со многу лековита моќ.

Знаејќи го сето ова, се надеваме дека повеќе нема безмилосно да го корнете и газите.
На нашиве простори го има буквално насекаде, како самоникнато растение, а го има и насекаде низ светот. Некаде се одгледува дури и на плантажи. Има лимонкаст киселкаст вкус.

Ако го здогледате во вашата градина, наместо да го корнете, ставајте го во салата или направете чорба…Само внимавајте да не го помешате со отровните билки кои изгледаат слично на него, па научете како да ги разликувате.

Најдобриот начин да се направи разлика помеѓу нив е да видите дали кога ќе го скршите стебленцето од него ќе истече млечно бел сок кој го имаат отровните роднини на туштот. Исто така се разликуваат и по листовите, но и по влакненцата на стебленцата кои не се карактеристички за туштот.

Еве и рецепт за нашата салата:

Краставица, тушт, маслиново масло, сок од лимон.