За една деценија ќе се здебели пола светска популација

Фото Pexels
136

Повеќе од половина од светската популација ќе биде со прекумерна тежина до 2035 година, се вели во новиот извештај на светската федерација за дебелина.

Светската федерација за дебелина објави нов извештај, а податоците се поразителни. Повеќе од половина од светската популација ќе биде со прекумерна тежина до 2035 година, со што ќе се изгубат билиони фунти потенцијална вредност за глобалната економија, предупредува Светската федерација за дебелина. Според податоците од 2020 година, околу 2,6 милијарди луѓе (38 отсто) биле со прекумерна тежина или дебели, а оваа бројка се очекува да се зголеми на 4 милијарди (51 отсто) во следните 12 години, доколку не се преземат сериозни мерки.

Само дебелината се очекува да порасне од 14 на 24 проценти во овој период, според новата анализа на Светската федерација за дебелина. Што значи дека секој четврти човек (2 милијарди) ќе има зголемен ризик од рак, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Во извештајот, меѓу другото, за овие катастрофални податоци се обивнува локдаунот за време на пандемијата, бидејќи движењето надвор од домот беше ограничено, а лежењето се потикнуваше. За жал, последиците тешко можат да се поништат.

Кои се предвидувањата?

Растечките стапки на дебелина се очекува да бидат најголеми кај децата, при што бројот на дебели момчиња се зголемува од 10 проценти на 20 проценти, а кај девојчињата бројот се зголемува од 8 на 18 проценти. Зголемувањето на прекумерната тежина и дебелината се очекува да имаат значително економско влијание, од 1,89 трилиони евра во 2020 година на 3,86 трилиони евра во 2035 година. Тие ги вклучуваат здравствените трошоци за лекување на дебелината и нејзините последици, како и влијанието на високиот индекс на телесна маса (BMI/BMI) врз економската продуктивност, вклучувајќи боледување, намалена продуктивност на работа и предвремено пензионирање или смрт.

Се проценува дека прекумерната тежина и дебелината ќе предизвикуваат глобален економски пад од околу 2,9 проценти годишно до 2035 година. За споредба, „Ковид-19“ предизвика пад на светската економија за 3 проценти во текот на 2020 година, најлошата година на пандемијата.

Атлас на Светската федерација за дебелина, невладина организација која известува и до Светската здравствена организација и до ОН, ги испита тековните стапки и трендови на дебелина во 180 различни земји за да дојде до своите нови проектирани бројки. Земјите со највисоки стапки на дебелина се групираат во јужниот дел на Пацификот, при што Кирибати и Тонга водат во светот според проектираните стапки на дебелина за 2035 година со 67 проценти, потоа Самоа со 66 проценти, Француска Полинезија со 65 проценти и Микронезија со 64 проценти. Најниска прогнозирана стапка на дебелина има во Азија, со Виетнам со 7 отсто, потоа следат Јапонија со 8 отсто, Сингапур со 9 отсто и Индија и Бангладеш со 11 отсто.

Светската федерација за дебелина смета дека, покрај пандемијата, една од причините е и зголемената популарност на евтината, високо преработена западна храна. Виновни се и таканаречените обезогени или хемиски загадувачи како бисфенол А (БПА), кои делуваат како ендокрини пореметувачи и се наоѓаат во пластиката, пакувањето на храната, мебелот за домаќинството, боите, козметиката итн. Работите само се влошуваат кога ќе се појават дебелината и лошата исхрана, се вели во извештајот.