Вегетаријанска лазања со тиквички и спанаќ

Фото: Freepik
803

Оваа веге варијанта на лазањи веројатно ќе им стане омилена дури и на тие што јадат месо.

Состојки:

4-5 тиквички
500 грама свеж спанаќ
250 грама рикота сирење (или урда)
2 лажици рендан пармезан
чаден кашкавал
лук
маслиново масло
сол, црн пипер

Приготвување:

Во тава загрејте малку масло и лук, па додадете го спанаќот. Додадете сол и црн пипер по вкус, а потоа динстајте додека листовите не омекнат. Тргнете го од оган, па во спанаќот измешајте ги рикота сирењето и две лажици пармезан. Мешајте додека да се соединат сите состојки и да добиете кремаста текстура.

Со нож исечете тенки листови од тиквичките (исечете ги по должина).

Во сад за печење обложен со хартија наредете слој од листовите тиквички, а потоа намачкајте со слој од смесата со спанаќ и сирење. Постапката повторете ја два до три пати, така што ќе завршите со тиквички.

Одозгора изрендајте го кашкавалот, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути или додека тиквичките не добијат убава златна боја.