Веќе три години оваа салата е тотален хит на интернет

Извор: Baked by Melissa Facebook
411

Салатата Зелена божица е голем хит на социјалните мрежи од 2021 година, а оваа година, изгледа, повторно е толку популарна што кога и да го отвориме Тик Ток, се појавува барем едно видео на темата на оваа салата.

Станува збор за рецепт кој своевремено го објави Тик-токерката Мелиса Бен-Ишај и кој стана толку популарен што до сега нејзиното видео го погледнале речиси 26 милиони луѓе. Па, што е толку добро во таа салата?

Наводно, се работи за комбинација на храна која е истовремено крцкава и кремаста, свежа и лесна и полна, а дополнителен плус е што не содржи производи од животинско потекло, па во неа можат да уживаат и веганите.

КАКО ДА СЕ НАПРАВИ?

Прво се сечка мала главица свежа зелка, краставици (3-4 помали или една поголема) и млад кромид, се ставаат во голем сад, а потоа се прави преливот со ставање на две чешниња лук во блендерот, една главица кромид, сок од два лимона, маслиново масло и млад кромид, две лажици оризов оцет, ореви, индиски ореви, босилек и спанаќ, сол и малку хранлив квасец. Се добро измешајте во блендер, измешајте со сецканиот зеленчук и толку.

ШТО АКО НЕМАТЕ ЕДНА СОСТОЈКА?

Во случај да немате некоја од состојките при рака, креаторот на рецептот ве советува да си поиграте со замените или едноставно да додадете што сакате.

На пример, можете да додадете авокадо за дополнителна кремавост, бибер за малку пикантност, одземете или додадете зачини по желба, а потоа послужете сè со чипс, во тако или на тост.

„Оваа салата може да се чува во фрижидер до една недела, но препорачувам секоја порција да ја зачините со преливот пред да ја послужите“, вели Мелиса.