Велат дека болките од камчиња во бубрезите се како породилните болки: Има една житарка која може да ви помогне

Фото: Freepik
660

Дали често страдате од болно и тешко мокрење поради песок и камчиња во бубрезите? Можеби треба да знаете за една едноставна состојка која може да ви помогне да го отстраните овој проблем? Станува збор за – обично просо! Оваа скромна и евтина житарка има бројни здравствени придобивки.

Во народната медицина просото одамна се користи токму за лекување на уролитијаза, односно како помошно средство за решавање на проблемите со уринарните камења.

Уринарна литијаза се однесува на формирање на мали кристали на минерални соли во бубрезите и уретрата кои со текот на времето се претвораат во камења.

Колку е поголем каменот, толку е поинтензивна непријатноста и болката додека малите мускули на уретрата се обидуваат да го турнат во мочниот меур.

Со цел природно да се ослободите од песокот и камењата од уринарниот систем во рок од 2 недели, пробајте еден стар народен лек – напиток од просо.

Освен што ќе го решите овој здравствен проблем со напиток од просо, зрната просо кои остануваат по подготовката на овој народен лек можете да ги зготвите за само 10 минути и да ги јадете како вкусен оброк (шолја просо згответе во три пати поголема количина на вода).

Исто така, одлична идеја е да го заменувате оризот во оброците што е можно почесто со оваа здрава житарка, која подеднакво добро се комбинира со сите зеленчуци.

Исто така, наместо овесна каша, денот можете да го започнете со просо и да додадете варени јаболка, круши и суво грозје.

Напиток направен од просо против камчиња

Приготвување:

Во поголем сад (од 3 литри) додадете 200 гр просо. Наполнете две третини од садот со топла, зовриена вода. Покријте и протресете, па завиткајте го во топла ткаенина. Нека стои така до сабајле.

Утрото повторно протресете, а потоа процедете ја белузлавата, заматена течност од просото во друг сад (зачувајте го просото!).

Таа течност е вашата напивка за отстранување на камењата. Пијте неколку пати во текот на денот.

Навечер подгответе нов напиток од просо и продолжете така во наредните 10-15 дена за секогаш да консумирате свежо подготвена течност.

Ќе бидат потребни 10-15 дена за да се отстрани песокот, камчињата, талогот и слузта од уринарниот тракт. Овој пијалак ќе ги исчисти вашите бубрези и ќе ги раствори камењата, кои ќе се исфрлат од уринарниот тракт заедно со урината.

Добра идеја е после тоа редовно да консумирате просо, бидејќи тоа ќе гарантира здравје на вашите бубрези и многу помал ризик од формирање на нов песок и камења.

Дополнително, просото ја зголемува алкалноста на организмот, што е и прва линија на одбрана од болести.

Како просото ги чисти и ги регенерира бубрезите

Кога камењата се поголеми, нивното мокрење е често многу болно и тешко, а во некои случаи дури и невозможно.

Затоа е многу важно да се намалат или разградат за што полесно да поминат низ уринарниот систем. Токму во тоа ќе ви помогне овој напиток од просо.

Освен што ги намалува камењата и ги чисти бубрезите, просото ги ублажува и можните воспаленија.

Бидејќи е богата со калиум, оваа житарка совршено го поддржува здравјето не само на бубрезите, туку и на срцето!

Благодарение на овој напиток, вашите бубрези ќе се регенерираат.

Придобивките од просото

Покрај чистењето на уринарните канали, бубрезите и мочниот меур, просото ќе ги заштити и другите органи.

Оваа житарка без глутен е исклучително хранлива и лесно сварлива бидејќи содржи изобилство на растворливи и нерастворливи влакна. Богато е со витамини А и Б, како и со минерали, како што се фосфор, железо, фолати и магнезиум.

Просото е богато и со ниацин, кој му помага на телото во повеќе од 400 ензимски реакции.

Исто така, содржи многу протеини, па одлично го подига нивото на енергија.

Помага за регулирање на цревната флора, како и за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта.