Слаткиот леб, милиброд, козињак, е една од оние работи кои традиционално се прават за Велигден. Станува збор за слатко тесто кое обично се послужува како велигденски појадок
Во многу европски земји постојат различни традиции околу употребата на леб за време на велигденските празници. Традиционално, практиката на јадење велигденски леб или засладен леб „причест“ го следи своето потекло уште од Византија и православната христијанска црква. Овие лебови имаат различни имиња: милиброд, козињак, панетоне, пашка, кулич…Различни варијации на иста тема, слични рецепти, различни облици.
И кај нас тој сладок леб, милиброд, козињак, е една од оние работи кои традиционално се прават за Велигден. Станува збор за слатко тесто кое обично се послужува како велигденски појадок.
Состојки:
1 кг брашно
6 јајца плус жолчка за премачкување
1 коцка свеж квасец
200 г путер
1 ванилин шеќер
500 мл. млеко
150 г шеќер
прстофат сол
рендана кора од лимон или портокал
250 г суво грозје отстоено во рум
Приготвување:
Во подлабок сад изматете ги путерот, јајцата, топлото млеко, надојдениот квасец, шеќерот и кората од лимон или портокал. Додадете го и претходно измиеното и отстоено во рум или во ликер од вишни суво грозје. Додавајте го и брашното и по потреба додадете или одземете од количината. Тестото добро измесете го и оставете го да отстои околу 20-30 минути, односно, додека не порасне барем двојно.
Поделете го тестото на три дела а потоа обликувајте ги по ваш избор. Можете да ги сплетете во плетенка или пак да направите три посебни лепчиња во калапи за оваа намена.
Премачкајте ги со изматената жолчка и малку млеко и оставете ги околу половина час да отстојат.
Печете ги во загреана рерна на температура од 200 степени, околу 30 минути.