Ви требаат 5 секунди за да откриете дали месото е свежо! За секој вид важат посебни правила

Фото: Pexels
322

Ова се неколку трикови кои ја откриваат свежината на месото во продавниците! Обрнете внимание на три работи

Кога купуваме спакувано месо во продавница, често не можеме да знаеме колку долго е таму. Одвреме навреме слушаме дека некој се отрул од месо, особено од бело пилешко кое почесто се расипува. Сепак, постојат неколку знаци кои откриваат дали месото е свежо или не. Некои од нив се бојата, количината на течност (вода со сукрвица) во пакувањето и текстурата.

„Ако месото се наоѓа во крвава вода, тоа значи дека е старо“, нагласува Елизабет Росик од Германскиот земјоделски центар. Маснотијата му дава на месото арома, истакнува таа и додава дека квалитетното месо треба да има малку интрамускулно сало, што се гледа по белите ленти кои наликуваат на вени со кои е прошарано месото.

Експертите советуваат дека секогаш е најдобро да се купува локално свежо месо. Доколку сепак купувате спакувано месо, се советува да изберете месо од вашиот регион, бидејќи нему не му требало долго да патува до продавницата. Секако, никогаш не ја ставајте механички или набрзина храната, вклучително и месото, во корпата, туку обрнете внимание на рокот на траење и на рокот на употреба.

Друга работа што ја открива свежината на месото е бојата, која зависи од видот. Па така, телешкото треба да биде светло, но не и бело, исто како кај живината. Свежото говедско месо е средно црвено, а не темно црвено, а свинското е бледо розово.