Вкусни и брзи плескавици од зеленчук

236

Има навистина најразлични комбинации за вегетаријански плескавици, но нема штета ако испробувате и понатаму.

Сме испробале многу рецепти за вегетаријански плескавици, но највкусни ни се оние кои ги правиме без рецепт, со она што го имаме во фрижидерот.

Овојпат тоа беа: тиквичка, сладок компир (батат), моркови, јајца, зачини, малку презли, уште помалку брашно и биено сирење.

Секако, не ги пржевме, туку ги печевме во рерна.

Значи, ги рендате тиквичката, два моркови и еден среден батат, ги посолувате сосема малку (ако потоа додавате биено сирење, ставете само многу малку сол или воопшто) и ги оставате да пуштат вода.

Потоа добро исцедете. Додадете им 2 јајца, 1 лажица брашно и 2 лажици презли, 1 лажица сусам и зачини по ваш избор. Изрендајте околу 50 грама биено сирење (можете и кашкавал или некое друго сирење, но биеното сирење им дава особено добар вкус). Додадете и 1 лажица маслиново масло или само намрсете ги рацете за да ги обликувате плескавиците.

Наредете ги врз хартија за печење и ставете ги во загреана рерна на 200 степени. За 15 минути свртете ги од другата страна, оставете ги уште 10 минути и извадете ги.

Одлични се во комбинација со некој сирен намаз.