Вкусно секојдневје: За само пет минути подгответе путер што ќе сакате да го додадете во секое јадење

Фото: Pexels
146

Задолжително пробајте путер со пармезан со тост леб за појадок, со печен компир во кора, во пире или со обичен зеленчук на пареа, на кој ќе му даде вкусен финиш.

Со четири состојки и во само два едноставни чекори, можете да направите совршено пенлив путер со пармезан кој ќе стане вкусен дел од вашето секојдневје.

Ќе додаде многу вкус на сè на што ќе го намачкате. За појадок пробајте путер со пармезан со тост леб, со печен компир во кора, во пире или со обичен зеленчук на пареа, на кој ќе му даде вкусен финиш.

За да го подготвите овој путер ви треба само малку добра волја и пет минути, а по еден час во фрижидер можете да почнете да го мачкате. Како и секој путер, оставете го малку на собна температура за да се опушти пред употреба.

Состојки за путер со пармезан:
250 гр путер, исечкан, на собна температура
2 згмечени чешниња лук
1/2 лажичка мелена слатка пиперка
40 гр пармезан ситно изрендан
Приготвување на путер со пармезан:
Во блендер ставете ги путерот, лукот, пиперката и пармезанот и блендирајте додека сѐ убаво не се соедини. Префрлете го со лажица во стаклен сад за сервирање, идеално таков што може да се покрие.
Ставете го во фрижидер на еден час да се излади.
Послужете со тост леб и, евентуално, со уште пармезан.