Време е повторно да намачкате маст на лебот: Нутриционистка го сруши митот и откри за што е добра

Фото: Јутјуб
411

Познатата нутриционистка Моника Рејнагел, која често зборува за здрава храна, уште еднаш го отфрла митот за штетноста на свинската маст, која последниве години долго се наоѓаше на листата на непожелни и нездрави намирници.

Свинската маст незаслужено влезе на листата на лоша и нездрава храна. Светски познатата нутриционистка Моника Рејнагел, која често пишува за здрава исхрана, ја става свинската маст веднаш зад маслиновото масло. Поздрава е, тврди таа, од путерот, бидејќи има повеќе добри, а помалку лоши масти, а одличен извор е и на омега 3 масни киселини. Покрај свинската маст, таа ги отфрла и митовите за компирот, црвеното месо и црното кафе.
Лебот и маста биле омилена ужинка на претходните генерации што само малкумина ја практикуваат денес. Свинската маст беше заменета со путер, маслиново масло, па дури и со авокадо и други „поздрави“ извори на маснотии.

Рејнагел, која често зборува за здрава храна, уште еднаш го отфрла митот за штетноста на свинската маст, која последниве години долго се наоѓаше на листата на непожелни и нездрави намирници.

Маста ја ставам веднаш по маслиновото масло

Бројни истражувања покажаа дека свинската маст има 33 отсто помалку лоши заситени масти од путерот, двојно повеќе добри мононезаситени масти и три пати поголем дел од омега 3 масни киселини.

Иако нутриционистката советува примарен извор на маснотии да остане маслиновото масло, таа не гледа ништо лошо во тоа што свинската маст е втора на листата. Свинската маст е одличен извор на Б витамини и минерали.

Рејнагел ги отфрла и митовите за консумирање на некои други намирници кои обично се сметаат за нездрави.

Црно кафе

Црното кафе, кое се покажало како добро кога станува збор за зголемување на добриот холестерол и намалување на воспалението, е богато со антиоксиданти кои ги штитат срцето и клетките, а доколку не претерувате, нема потреба да го исклучувате од секојдневната исхрана.

Компирите се одличен извор на калиум, а црвеното месо е извор на протеини

Исто така, црвеното месо има лоша репутација поради сите погрешни причини. Според нутриционистката, црвеното месо е добар извор на протеини, железо, витамини од групата Б, цинк и други хранливи материи. Содржи и мононезаситени масти, слични на оние од маслиновото масло, па затоа се препорачува негово консумирање. Добар стек од квалитетно парче месо, одвреме-навреме, ќе му направи добро на нашето тело.

Тука е и омразениот компир, кој всушност е здрав. Доколку ја намалувате количината на сол што ја консумирате во еден ден, треба да го зголемите внесот на калиум, советуваат нутриционистите. Јадете свежо овошје, зеленчук и цели зрна, а еден од најдобрите извори на калиум е компирот.