Заборавете на авокадо, мача и акаи бобинки… И овие поевтини намирници се одлични за здравјето на мозокот

Фото: Pexels
370

Јаткастите плодови, зелениот чај и зрнестото овошје се производи кои ќе му дадат голема поддршка на организмот

Ефектите на храната врз нашето тело се несомнени. Лошите, полни со транс масни киселини долгорочно ќе имаат несакани последици по општото здравје, додека природните нутритивно збогатени ќе придонесат вистинско мало богатство за организмот. Меѓу другото, правилниот избор на храна позитивно ќе влијае и на нашиот орган за размислување, мозокот. Благодарение на содржината на богатите растителни соединенија, Каролин Хајнд, нутриционистка за компанија чиј фокус е здравствената благосостојба на корпорациите, навела неколку намирници кои се ефективни за мозокот и за кои не е неопходно да се издвојуваат големи суми.

Топ заменски намирници за здравјето на мозокот

Јаткастите плодови како добра замена за авокадото

Во последните десет години ова овошје доживеа вистински бум. Речиси и да нема текст во кој оваа кремава намирница не се споменува како идеална за општото здравје. Благодарение на содржината на витамин Е, многумина ќе препорачаат консумација на авокадо за здравјето на мозокот. Сепак, нутриционистката нуди одлична алтернатива.

„Се согласувам со здравствените придобивки од авокадото, но постојат голем број секојдневни намирници кои можете да ги додадете во вашата исхрана и кои ќе ги дадат истите резултати. Различни јаткасти плодови, семки и зелен зеленчук можат да ги задоволат потребите на телото за витамини Е и Б витамини кои го поддржуваат мозокот“, вели таа.

Зелениот чај е добра алтернатива за мача
Без разлика дали сакате да ја пиете ладна или топла, мачата е своевидна традиција што неодамна ја прифативме во современиот свет. Содржината на Л-теанин го ублажува стресот, го подобрува расположението и помага во регулирањето на навиките за спиење. Иако мача има повеќе антиоксиданти, поевтината варијанта, зелениот чај исто така дава моќни ефекти врз мозокот.

„Се покажало дека комбинацијата на L-theanine и кофеин во мачата има позитивни ефекти врз функцијата на мозокот. Сепак, разликите помеѓу мача и зелениот чај не се драматични. Редовното пиење на овој чај ги нуди истите когнитивни придобивки поради неговата богата содржина на антиоксиданти, Л-теанин и кофеин, а исто така е поевтина опција и полесна за подготовка“, изјавил Џејмс Рој, експерт за здравје на мозокот.

Зрнестото овошје како замена за акаи бобинки

Во комбинација со антиоксидантите и противвоспалителните својства, акаи бобинките можат да го заштитат мозокот од невродегенеративни болести и да помогнат во подобрување на меморијата. Но, ова скапо овошје не е единственото кое нуди антиоксиданти.
Флавоноидите, односно пигментите содржани во зрнестото овошје, помагаат во помнењето. Две порции боровинки неделно ќе го одржат нивото на флавоноиди на повисоко ниво, вели Рој и додава дека боровинките, капините, малините и рибизлите, се подеднакво богати со флавоноиди.