Замрзнете, изрендајте, јадете: Наједноставен сладолед од лубеница (ВИДЕО)

Фото: Pexels
124

Уживањето во ова популарно летно овошје носи многу здравствени придобивки, а ви го пренесуваме и рецептот за наједноставниот сладолед од лубеница.

Сега е оној период од годината кога ги има најубавите лубеници, од оние кои кога само малку ќе ги засечете, едноставно се распукуваат откривајќи ја својата црвена, сочна внатрешност.

Тие се полни со витамини и хранливи материи, а може да помогнат и при заштита од болести.

А за тоа колку е добро чувството кога онака жедни ќе ставите во уста парче ладна слатка и сочна лубеница, не мора ни да објаснуваме.

Еве еден едноставен рецепт за сладолед од лубеница.

Само исечете, замрзнете, изрендајте, украсете и уживајте!

@itsvegansis

VIRAL WATERMELON SHAVED ICE I know it’s a simple recipe, but for all the tips and tricks + the rest of my recipes → head to itsvegansis.com – link in bio🫶 Everyone who knows me knows how much I love watermelon. It’s not just my favorite fruit, it’s my favorite FOOD🙂‍↕️🙌 Sooo, when I saw the watermelon shaved ice trend I had to try it for myself, and you guys- it did not disappoint! It so refreshing, and sooo easy to make! So make sure to save this video and try it out🩷 . . . . #watermelon #summer #snacks #healthyrecipes

♬ Theme From A Summer Place – Percy Faith

Еве некои од здравствените придобивки на лубеницата:

Ја одржува хидратацијата

Една лубеница со средна големина содржи околу 92 отсто вода, па затоа таа е одлична за да останете хидрирани.

Водата е важен дел од функционирањето на телото.

Всушност, водата сочинува 60 отсто од составот на човековото тело, што објаснува зошто овој плод игра толку голема улога во тоа.

Лубеницата содржи многу витамини

Меѓу нив се витаминот А, Ц, Б-6.

Исто така, лубеницата содржи и магнезиум кој помага во регулирање на работата на мускулите и нервите.

Има малку калории

Едно просечно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична закуска. Високата содржина на вода во лубеницата пак, може да биде заситна и да помогне при внесот на помалку калории.

Ја спречува болката во мускулите

Лубеницата содржи Л-цитрулин – аминокиселина која помага да се намали болката во мускулите по тренинг.

Л-цитрулинот ги шири крвните садови за да овозможи поголем проток на крв во мускулите, што може да ја намали болката со подобрување на снабдувањето со кислород за време на вежбањето.

Лубеницата го намалува крвниот притисок

Бидејќи цитрулинот помага во отворањето и опуштањето на крвните садови, тоа може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисот.

Истражување од 2012 година покажа дека лубеницата го намалува крвниот притисок кај возрасни лица со вишок килограми и со висок крвен притисок.

Го подобрува варењето

Иако лубеницата не содржи многу влакна и високата содржина на вода може да помогне да се подобри варењето на храната.