Здрава замена за чоколадо: Рогачот ги намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Фото: Pixabay
244

Истражувањата кои се правеле со години наназад покажале дека рогачот влијае на намалување на високиот лош холестерол и е корисен за луѓето со висок крвен притисок. Доколку страдате од дијареа или имате проблеми со варењето, добро ќе ви дојде напиток или колач од рогач. Рогачот успешно влијае на сузбивање на токсините и растот на бактериите во цревата.

Рогачот или Caratonia siliqua е зимзелено растение, односно дрво чиј плод наликува на мешунка од грашок. Рогачот меѓу народот е најпознат како слатка, но здрава замена за чоколадото, а неговите лековити својства биле познати уште во античка Грција, каде што рогачот се користел како лек 4000 години.

Интересен податок поврзан со растението рогач потекнува од 19 век и се однесува на вокалните изведувачи. Имено, британските хемичари им продавале мешунки од рогач на пејачите бидејќи ова растение покажало одлични резултати за болки во грлото.

Поради сличниот вкус, луѓето обично го поистоветуваат рогачот со чоколадо. Сепак, рогачот е многу поздрав од чоколадото, како што ќе видите во следниот текст.

Рогач или какао:
Рогачот има двојно поголема количина на калциум од какаото;
Не содржи соединенија кои предизвикуваат главоболки и мигрена;
Не содржи масти и кофеин.
Какаото содржи оксална киселина која може да ја попречи нормалната апсорпција на калциум;
Предизвикува мигрена кај многу луѓе;
Содржи повеќе натриум и масти.
Рогачот е одличен извор на минерали и витамини. Содржи витамини А, Б2, Б3, Б6, а од минерали содржи калциум, магнезиум, цинк, селен, калиум, манган.

Рогач во прав – хранливи вредности
Рогачот во прав или брашното од рогач е алтернатива на какаото во прав. Има уникатен и сладок вкус. Често се користи како природен засладувач во печива. Рогачот во прав речиси не содржи масти, што е многу добро ако сте на диета. Сепак, мора да имате на ум дека рогачот има повеќе шеќери и јаглехидрати од какаото во прав.

Две лажици трошки од рогач содржат 70 калории со:

3,5 г маснотии;
7 г шеќер;
50 г натриум;
8 г јаглени хидрати;
2 г влакна;
2 г протеини;
8% од препорачаната дневна доза на калциум.

За лековитите својства на рогачот и зошто е добро да се воведе во исхраната?
Исцелителната моќ на ова растение е толку голема што навистина треба да размислите за неговата употреба, односно да го додадете ова растение во вашата исхрана бидејќи дава многу здравствени придобивки.

Имајќи предвид дека рогачот е природно богат со растителни влакна, како и фактот што не содржи кофеин, тој е идеален за луѓе кои страдаат од висок крвен притисок.

Ниската содржина на шеќер и маснотии им одговара на луѓето кои се обидуваат да изгубат неколку килограми и сакаат чоколадо, а за нив рогачот е вистинската работа бидејќи рогачот е наједноставно кажано здраво чоколадо. Рогачот е многу важен и за луѓето кои не можат да консумираат кофеин и шеќер поради кандида, хеликобактер пилори или цисти.

Се разбира, на секој може добро да му дојде напиток од рогач понекогаш наместо кафе или какао, бидејќи и едното и другото содржат кофеин. Рогачот е добар за здравјето на очите и кожата поради високото ниво на витамин А и витамин Б2 што ги содржи.

Со додавање на рогач во исхраната:

Се намалуваат холестеролот и ризикот од срцеви заболувања. Се лекува дијареа, се олеснуваат стомачните тегоби.
Ги спомнавме предностите на рогачот пред какаото, но тоа не значи дека какаото не е добро за вас, само треба да внимавате на одредени детали и да одредите дали какаото ќе ви одговара во одредени периоди. Рогачот, како и какаото, содржи полифеноли, антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Истражувањата кои се правеле со години наназад покажале дека рогачот влијае на намалување на високиот лош холестерол и е корисен за луѓето со висок крвен притисок. Доколку страдате од дијареа или имате проблеми со варењето, добро ќе ви дојде напиток или колач од рогач. Рогачот успешно влијае на сузбивање на токсините и растот на бактериите во цревата.

Дали постојат несакани ефекти?

Рогачот е безбеден за употреба во храната, но може да предизвика алергиски реакции кај луѓе кои веќе се алергични на јаткасти плодови и мешунки. Од овие причини, особено оние кои се алергични на споменатата храна треба да бидат внимателни. Затоа, кога го користите ова растение за прв пат, обидете се со помали количини. Несакани ефекти кои се јавуваат ако се покаже дека некој е алергичен на рогач се црвенило и осип, отежнато дишење и треска.

Рогачот дефинитивно се препорачува во умерени количини, особено за трудниците бидејќи може да доведе до несакано слабеење и намалување на нивото на шеќер во крвта.

Рогач во исхраната и готвењето
Рогачот е здрава алтернатива на чоколадото и е омилен кај луѓето кои се нетолерантни на глутен, кои сакаат да ослабат или кои не смеат да консумираат премногу шеќер.

Сепак, не постои причина зошто другите да не го користат. Рогачот порано се користел како засладувач, денес таа улога ѝ припадна на стевиата. Секој рецепт што содржи чоколадо и какао може да се измени со додавање рогач. Можете да користите рогач во прав или трошки од рогач во кој било рецепт на ист начин како чоколадо или какао. На овој начин ќе уживате во омилените слатки без грижа на совест бидејќи знаете дека имаат помалку калории, масти и шеќер.

Во продолжение прочитајте го рецептот кој го најдовме:

Леб од банана со брашно од спелта и рогач

Состојки:

1 чаша спелтино брашно;
½ чаша рогач во прав;
2 лажички сода бикарбона;
½ лажичка морска сол;
3 испасирани банани;
1 јајце;

¼ стопен путер;
1 лажица мед;
1 чаша трошки од рогач
½ чаша сецкани ореви.

Кога ќе ги соедините сите состојки и ќе формирате убав леб, можете веднаш да започнете со печење. Се пече на 200 степени околу 30 минути.