Брза торта: Десерт од три состојки што освежува

Фото: Unsplash
3.663

Овој десерт се прави за само неколку минути и е вистинско освежување

Домаќинките сѐ повеќе избираат рецепти кои содржат сѐ помалку состојки.

Еден таков рецепт е овој неодолив колач направен од само три состојки. За пет минути направете деликатес што ќе им се допадне и на семејството и на гостите.

Состојки за брз колач:

400 грама грчки јогурт

4 големи јајца

4 лажици пченкарен скроб


Приготвување:
Плехот во кој ќе го печете колачот подмачкајте го со масло и обложете го со хартија за печење. Во сад измешајте ги грчкиот јогурт и јајцата и изматете ги добро да се соединат. Ако сакате да додадете мед, па дури и шеќер, направете го тоа веднаш, додека ги мешате грчкиот јогурт и јајцата, за сѐ добро да се соедини.

На крајот додадете го пченкарниот скроб и сето добро изматете го додека не стане мазна смеса. Истурете ја во подготвената тава.

Печете околу 70 до 75 минути на 170 степени. Колачот убаво да нарасне, да не е течен или да се „ниша“, а површината да изгледа како да е карамелизирана. Кога ќе го извадите од рерна ќе омекне малку, но не премногу.

Оставете го да се излади околу половина час, а потоа ставете го во фрижидер на најмалку два часа. Пред да го послужите, извадете го од фрижидерот 15 минути порано.