Кралот на печурките во комбинација со тиква и наут

Фото: Pexels
465

Покрај тоа што е богат со протеини, вргањот е и одличен извор на диетални влакна, особено хитин, кој ја попречува апсорпцијата на мастите и помага при слабеење, што го прави идеална диетална храна.

Вргањот „кралот на дивите печурки“ се разликува од многу прехранбени производи по својата необична арома и по тоа што содржи хранливи и лековити состојки. Богат е со протеини, витамини и минерали, како и со одредени состојки кои имаат антиканцерогено дејство, со антибиотско и имуностимулативно дејство.

Познат е како „крал на дивите печурки“ поради неговата посебна арома и лековито дејство.
Покрај тоа што е богат со протеини, вргањот е и одличен извор на диетални влакна, особено хитин, кој ја попречува апсорпцијата на мастите и помага при слабеење, што го прави идеална диетална храна.

Оваа печурка е богата со витамини Б1, Б2, Б3, Б5, Ц, Д и минерали (калиум, железо, цинк, селен, бакар, калциум), бета-глукан, го зајакнува имунитетот, го регулира кардиоваскуларниот систем и спречува остеопороза.

За овој богат оброк може да се користи и сварен наут од конзерва.

Состојки:

800 г тиква

250 г варен наут

400 г вргањ (со оглед на тоа што е вргањот прилично скап, можете да користите буковка, а вргањ ставете само 50 г колку за арома)

Едно чешне лук (нелупено, цело)

½ кромид

Сол, пипер

Вода

Мајчина душица, рузмарин

Малку луто пиперче

Маслиново масло

40 г печени семки од тиква

Приготвување:

Исчистете ја тиквата, исечете ја на коцкички. Натопете го сувиот вргањ и исечкајте ги свежите буковки. Исечете го кромидот на ситно, исто и пиперчето, рузмаринот и мајчината душица.

Ставете сѐ да се пропржи на маслиново масло, додадете го лукчето и динстајте неколку минути на тивок оган. По желба додадете вода, зачинете и динстајте додека тиквата не омекне. Додадете го сварениот наут па сѐ заедно варете уште 10 минути. На крај додадете го вргањот, варете уште пет минути и исклучете ја ринглата.

Декорирајте со семки од тиква и послужете со препечено лепче.