Земја каде што оставањето бакшиш е навреда: На Јапонците им е доволно да им се заблагодарите

Фото: Pexels
53

Оставањето бакшиш (или не) за келнерите во кафулињата и рестораните низ целиот свет е прашање што мачи многу патници, бидејќи правилата се менуваат во зависност од тоа во кој агол од земјата се наоѓате.


Оставањето бакшиш (или не) за келнерите во кафулињата и рестораните низ целиот свет е прашање што мачи многу патници, бидејќи правилата се менуваат во зависност од тоа во кој агол од земјата се наоѓате.

Во Велика Британија, Германија, Данска и Шведска, локалното население обично остава како бакшиш 10 проценти од сметката, додека Французите, Италијанците и Шпанците обично оставаат бакшиш од пет проценти. Американците оставаат бакшиш дури и ако услугата е лоша, ама затоа во Јапонија такво нешто никогаш не би се случило.

Во Земјата на изгрејсонцето, општествената свест е на сосема друго ниво: луѓето не јадат додека одат по улица, мобилните телефони се исклучени во јавниот превоз за да не ги вознемируваат другите, и тешко дека ќе видите Јапонец како си го брише носот во јавност.

Во Јапонија, бакшишот не е само необичен, туку и несмасен, па дури и груб. Културата на давање услуга без бакшиш можеби за нас е незамислива, но таму, оставањето пари е практично навреда.

„И покрај предупредувањата дека бакшишот не е дозволен во Јапонија, некои туристи инсистираат да покажат благодарност со пари – но тоа не функционира така“, открива Џејмс Манди од „InsideJapan Tours“ за Би-Би-Си. Тој додава дека не е невообичаено да се види келнер како трча по улицата по гостин за да му ги врати парите што ги оставил за бакшиш.

Туристите едноставно не сфаќаат дека Јапонците се гордеат со својата работа, а оишиката (oishikatta) или во превод, тоа беше вкусно или гочисо сама (gochiso sama), во превод, благодарам што го подготвивте оброкот, е доволно силна валута, која станува уште посилна ако притоа и учтиво се поклоните.

Единствениот исклучок од ова правило е во јапонските риокани, традиционални гостилници, каде што патниците можат да остават пари за накаи сана (келнерот облечен во кимоно кој ја подготвува храната и креветот), но само ако добро ја завршил работата. Бакшишот не се дава лично, туку се остава во плико.