Згмечена брокула со пармезан (ВИДЕО)

Фото: Pexels
559

Овој фантастичен рецепт со брокула собра речиси милион лајкови. Приготвена на овој начин, ќе им биде вкусна дури и на оние што не го сакаат нејзиниот вкус

Со бројни здравствени придобивки, овој зеленчук може да биде почест гостин во вашите чинии.
Можеби брокулата е една од оние намирници која секогаш останува последна во вашиот фрижидер подготвена да се претвори во вкусен и здрав оброк. Понекогаш ни недостасува инспирација, па често оброкот го подготвуваме на монотон начин. Сепак, лесно можеме да го направиме забавен и вкусен. За оваа комбинација инспирација побаравме на социјалните мрежи.

Состојки:

1 брокула раздвоена на цветчиња и кратко сварена во солена вода
100 гр рендан пармезан
маслиново масло
сол
црвен пипер


Приготвување:

Сварете ја брокулата за да може лесно да се згмечи.

Сварените цветови ставете ги на плех обложен со хартија за печење и згмечете ги со чаша.

Премачкајте ги со мешавина од маслиново масло, сол и црвен пипер.

Одозгора се поросува рендан пармезан и се пече во рерна на 220 степени додека брокулата не стане крцкава околу рабовите.