Најјасен знак за недостаток на протеини е губење на мускулната маса. Со него може да има зголемен ризик од фрактури на коските.
Протеините се суштински дел од нашата исхрана бидејќи играат витална улога во одржувањето на мускулната сила, заздравувањето на раните, создавањето нови клетки и обновувањето на старите. Ако некое лице не консумира доволно протеини, може да се појават одредени симптоми.
Најјасен знак за недостаток на протеини е губење на мускулната маса. Со него може да има зголемен ризик од фрактури на коските. Со оглед на тоа што фоликулите на косата, кожата и ноктите се составени од протеински прамени, ниската потрошувачка на протеини може да доведе до слаба и кршлива коса, нокти и проблеми со кожата. Во екстремни случаи, отечената кожа е уште еден симптом на недостаток на протеини.
Конечно, петтиот симптом на недостаток на протеини е застојот во растот кај децата.
Недостатокот на протеини е релативно редок во западните земји.
На повеќето здрави возрасни луѓе им требаат 0,81 грама протеини по килограм телесна тежина. На пример, возрасен човек со тежина од 60 килограми треба да зема помеѓу 48 и 60 грама протеини дневно.
Најдобри извори на протеини се месото (мисиркино, пилешко, говедско), но и млечните производи. Протеинот може да дојде и од растителни извори, како што се грав, цели зрна, јаткасти плодови и семиња.