Виски и пуканки за долг живот?! Стогодишници ја споделуваат тајната на својата долговечност

Фото: Freepik
325

Стогодишниците ги открија своите тајни за долговечноста, а меѓу нив, се и најчудните намирници за кои тие велат дека им го продолжиле животот

Иако многумина се поборници на здравата исхрана со цел да живеат подолго, понекогаш тоа и не е случај. Имено, ако ги прашате стогодишниците што јаделе, пиеле и воопшто каков стил на живот имале, можеби ќе се зачудите.
Многумина од нив често консумирале алкохолни пијалоци и грицки, па вискито и пуканките се најдоа на листата на чудни намирници кои го „продолжуваат животот“.
Имено, најстариот маж од Нов Зеланд, Џек Коу, кој кон средината на мај го прослави својот 107 роденден, ја откри својата тајна за долговечноста. Бидејќи во текот на животот конзумирал многу пиво и пуканки прелиени со карамела, тој верува дека доброто здравје им го должи на овие намирници. Затоа роднините му подариле роденденска торта со неговите омилени слатки – карамел и пуканки.
Во март годинава Апо Ванг-Од од Филипини, кој има 106 години, стана тема на насловната страница на магазинот „Вог“. Неофицијално ја нарекоа „најстариот модел на насловната страница на Вог“. Апо истакнува дека нејзината работа ја одржала во живот, а инаку се занимава со тетовирање. Пред неколку години, на изложба во Манила, таа открила – „Едноставно не можев да престанам да работам“.

„Ме замолија да престанам и да се одморам. Но, ако го направам тоа, тогаш немаше да покажам непочитување кон луѓето кои дошле овде само за да се тетовираат кај мене и кои патувале илјадници километри за тоа. Но, работата е во тоа што го сакам она што го работам. Работам дома секој ден од 8 до 17 часот“, рекла таа и додала дека е убедена дека тоа е тајната на нејзината долговечност.

Исто така, Барбара Бејтс, која живее во англискиот град Вејкфилд, го прославила својот 100-ти роденден во ноември 2022 година и во таа прилика признала дека пиела виски сите овие години, но во мали количини.

„Го сакав вискито, ме одржуваше! Секогаш беше само капка алкохол во мала количина на вода, но уживав”, признала оваа дама, која дури и на своето куче му го дала името Виски, по нејзиниот омилен пијалак, пишуваат странските медиуми.