Зошто кафето од автомат е слатко, дури и кога сте избрале опција без шеќер?

Фото: Pexels
188

Ако сте од оние кои денот на работа го започнуваат со кафе од автомат, ќе размислите двапати после ова сознание

Живееме во брзо и модерно време, кога сè околу нас е инстант, вклучувајќи го и кафето. Особено она од автоматите. Во денешно време тие се насекаде околу нас: во канцелариите, болниците, јавните институции…

Притоа мислиме на посебните т.н вендинг машини кои ви нудат инстант решение, односно многу опции за кафе – од филтер до лате, капучино со чоколадо итн.

Милиони луѓе на овој начин ја задоволуваат својата потреба за кофеин, бидејќи автоматите се лесно достапни, лесни за користење, а самите пијалаци се евтини во споредба со понудите на кафулињата.

Е сега се поставува прашањето за квалитетот. И како што можете да претпоставите, тој не е многу задоволувачки.

Мора да се признае, како што напредува технологијата, така се смислуваат и поиновативни машини за кафе. Постарите модели најчесто користеа инстант кафе или концентрирано течно кафе и топла или врела вода, а можеше да се додадат и крем и шеќер.

Некои модерни машини/автомати подготвуваат различни видови на кафе, како мока и лате, и користат мелено кафе или дури и свежо мелени зрна, бидејќи во самата машина има мелница.

Самите апарати за кафе, каде што се користи чисто кафе и класично млеко, претставуваат поадекватна опција, но кога станува збор за автомати, ситуацијата е секогаш горе-долу иста.

Млеко во прав е спорно
Таквите машини користат млеко во прав, што може да биде спорно поради неговиот состав, особено за некои групи луѓе.

Посебно обрнете внимание ако водите сметка за шеќерот во исхраната, бидејќи дури и да ја изберете опцијата „кафе без шеќер“, односно да го „извадите“ шеќерот на скалата за бирање – тоа не значи дека кафето е без шеќер.

Веројатно сте забележале дека дури и ако изберете кафе без шеќер, тоа сепак има сладок вкус. Со проверка на составот на млекото во прав, кое главно се користи во вендинг машините за топли напитоци, е утврдена следнава листа на состојки:

сурутка во прав
обезмастено млеко во прав
гликозен сируп
нехидрогенизирана кокосова маст
лактоза
шеќер
средство против згрутчување E551
Стабилизатор E340ii
емулгатор E471

Сурутката во прав се смета за здрава и хранлива намирница, која настанува како нуспроизвод од производството на сирење, но истото не може да се каже и за гликозниот сируп. Има многу калории и шеќер и не е добро да се користи секој ден, велат експертите на healthline.com.

Од контроверзните состојки, дефинитивно има и шеќер, чија точна доза не е позната, но може да им наштети на луѓето на кои им е строго забрането да консумираат шеќер.

Емулгаторот E551 или силициум диоксид е посебна кристална материја, која нема нијанси на бои и има релативно висок степен на цврстина и тврдост. Со него најчесто се „збогатуваат“ шеќерот, кајмакот, солта, пченичното брашно, зачините, чипсот и други грицки, алкохолни пијалаци, кондиторски производи.
Според официјалните тврдења, тој е безбеден за употреба (во одредени дози), но имајте на ум дека е сепак адитив. Покрај него, млекото во прав за напитоци од кафе од автоматот содржи и стабилизатор E340ii, односно емулгатор E471. Премногу Е на едно место.