Зошто се оревите одлични за вегетаријанците?

Фото: Unsplash
165

Заедно со сојата, оревот може да биде најдобра замена за месото. Како извор на протеини, 100 грама ореви може да заменат 115 грама месо или три до четири јајца.

Оревот спаѓа во првата група на маслодајни растенија. Во дамнешно време, дури и пред житариците, оревите и костените ни дошле од Азија.
Овие јаткасти плодови се многу важни за вегетаријанците бидејќи содржат значителни количини на масти и протеини.

Заедно со сојата, оревот може да биде најдобра замена за месото. Сојата има 34 отсто протеини, а оревот од 17 до 23 отсто. Сто грама ореви обезбедуваат 500 калории, исто колку и 0,7 л млеко. Како извор на протеини, 100 грама ореви може да заменат 115 грама месо или три до четири јајца.

Слични својства имаат и лешниците и бадемите. Можете да ги користите на многу начини – во мусли, мелени во разни јадења (особено добро оди со соја, на која ѝ го подобрува вкусот – во сарми, гулаш и слично). Мелениот орев може да се користи и во вегетаријански намази со разни додатоци, а конечно можете да го користите оревот и едноставно, во природна форма.