Зошто треба да се јаде киви секое утро?

Фото: Pexels
377

Плодовите на киви се сметаат за суперовошје – полни се со антиоксиданти, витамин Ц, калиум, фолна киселина, полифеноли (фенолна киселина) и растителни влакна и се добар извор на витамин Е.

Ако секое утро јадете киви, според некои истражувања, можете да спречите формирање на згрутчување на крвта и на нивото на триглицериди во крвта за дури 15 проценти.

Не мора да ги лупите овие кафеави плодови. Пресечете ги на половина и со лажица извадете го зелениот месест дел. Ќе имате лесна закуска богата со растителни влакна.

Плодовите на киви се сметаат за суперовошје – полни се со антиоксиданти, витамин Ц, калиум, фолна киселина, полифеноли (фенолна киселина) и растителни влакна и се добар извор на витамин Е.

Кивито го подобрува варењето на неколку вообичаени протеини од храната, вклучувајќи ги тешко сварливите протеини казеин/натриум казеинат (млечен протеин) и говедскиот мускулен протеин, благодарение на неговата главна компонента – актинидин, ензим кој ги разложува протеините во аминокиселини.