Зошто виолетовата зелка е подобар избор од белата?

Фото: Pexels
300

Црвената (или виолетова) зелка содржи 10 пати повеќе витамин А, кој е многу важен за здравјето на очите, двојно повеќе железо и 36 антиоксиданти,

На зелката ѝ се припишуваат многу лековити дејства и тоа не без причина. Зелката од секаков вид е одличен извор на фитохемикалии за кои се верува дека спречуваат рак, како и одличен извор на витамини од групата Б, кои се чувар на енергија. Но, црвената зелка сепак има некои неверојатни состојки – содржи 10 пати повеќе витамин А, кој е многу важен за здравјето на очите. Двојно повеќе железо и 36 антиоксиданти, кои се докажани заштитници од настанување на рак и чувари на меморијата.

Еве уште некои работи кои говорат во прилог на виолетовата зелка:

Побогата е со витамин Ц.

Ароматичната виолетова зелка има помала содржина на каротин во споредба со белата, но има поголема содржина на витамин Ц. Исто така, црвената зелка содржи поголема количина на витамин Е. Зелката е исто така богата и со фосфор и калциум.

Зелката најдобро се користи сирова или во форма на сок, без разлика дали ја користите како лек или за детоксикација. Имено, со долгорочно готвење, зелката губи многу од своите вредни елементи и станува прилично несварлива.

Ја чисти крвта

Многу е богата со минерали, што придонесува за подобар метаболизам, пред сè, во прочистувањето на крвта. Затоа се смета за многу важна храна за детоксикација. Добро делува на работата на целиот организам.

Поради овие својства треба да ја има во исхраната на сите луѓе, здрави и болни, млади и стари.

Ефикасна е и при артроза, гастритис, колитис, замор, проблеми со акни, дерматоза, откажување на бубрезите, црн дроб и запек.

Го подобрува варењето

Познато е дека црвената зелка има одличен ефект врз варењето бидејќи му помага на телото да произведува жолч. Тоа значи дека спречува проблеми како што се лошо варење или запек. Сокот од зелка е исто така многу ефикасен во лекувањето на чир, особено пептичен улкус.

Ја смирува кашлицата

Сирупот од црвена зелка ја смирува кашлицата.

Го намалува нивото на холестерол и го чисти црниот дроб

Друга предност на црвената зелка е тоа што го намалува холестеролот и мокрачната киселина, благодарение на големата количина на сулфур што ја содржи. Таа количина е одговорна за нејзината карактеристична арома.

Поволно делува на желудникот

Три нецелосни чаши свеж сок од зелка дневно се најдобриот лек за чир на желудникот, но може да се пие и превентивно бидејќи благотворно делува на желудникот.

Лечи засипнатост

За да не останат без глас, многу пејачи пред да излезат на сцената пијат шолјичка несолена супа од зелка, во која се меша една жолчка од јајце.

Ги намалува знаците на стареење

Сокот од зелка содржи голема количина на антиоксиданти и витамини А, Ц и Е, кои ви помагаат да ја одржите вашата кожа хидрирана, мека, мазна и сјајна. Друга предност на консумирањето црвена зелка е тоа што го забрзува формирањето на колаген или блокови кои ги врзуваат кожата и ткивата во телото и го одржуваат здравјето на вашите мускули и кожа.

Им одговара и на дијабетичарите

Консумирањето на црвената верзија на овој зеленчук ќе ви помогне да го контролирате нивото на шеќер во крвта благодарение на неговиот природен инсулин. Содржи и малку калории и јаглехидрати, кои ќе ви го намалат гладот ​​и нема да ви ја зголемат тежината. Добра идеја е црвената зелка да се вклучи во форма на салата или цедени сокови, за да се избегне гладот.