Мафини од тиква со цимет – вистинско есенско уживање

Фото: Pexels
1.513

Овој есенски десерт можете да го изматите за само неколку секунди, а во подготовката може да се приклучат и вашите најмлади.

Мафините се омилен десерт на многу луѓе, а рецептите за нив се најразновидни. Иако на повеќето луѓе им се омилени оние чоколадните, есента си бара нова ѕвезда па затоа во продолжение ви пренесуваме едноставен рецепт за мафини од тиква зачинети со цимет. Со оглед на едноставната подготовка, можете да ги вклучите во подготовката и најмалите.

Мафини од тиква со цимет
Состојки:

225 гр обично брашно
2 лажички прашок за пециво
1 лажица мелен цимет
100 гр шеќер во прав
50 гр кафеав шеќер
200 гр пире од тиква
2 јајца
125 гр стопен путер

Приготвување:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте ги или ставете хартиени модли во калапите за 12 мафини. Во голем сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, циметот и двата вида шеќер заедно. Искршете ги сите грутки кафеав шеќер со триење меѓу прстите. Пирето и јајцата се матат заедно, па се додаваат во сувите состојки со растопениот путер.

Мешајте ја смесата една до две минути со електричен миксер додека не се соедини. Истурете ја смесата во калапите и печете 15 минути додека не порумени и не нарасне. Извадете ги мафините од рерна и почекајте да се изладат. Послужете ги разладени. Можете да ги чувате до три дена во херметички сад. Идеални се и како појадок. Се надеваме дека ќе уживате во овој совршен есенски рецепт.