Ако пиете повеќе кафиња на ден, земајте калциум

Фото: Pixabay
216

Премногу кафе го зголемува ризикот од остеопороза бидејќи кофеинот го „извлекува“ калциумот од вашите коски. Затоа, на оние кои пијат кафе им се препорачува околу 1.500 мг калциум дневно.

Заморот, стресот, премногу кафе, тешките менструални циклуси, зголеменото консумирање алкохол, па дури и секојдневната рекреација, ѝ ги „крадат“ витамините и минералите на вашата крв и ве изложуваат на ризик да се разболите – од настинка до хронични болести. Затоа, доколку пиете кафе, а особено доколку пиете поголеми количини кафе, задолжително земајте таблети со калциум.

Премногу кафе го зголемува ризикот од остеопороза бидејќи кофеинот го „извлекува“ калциумот од вашите коски. Затоа, на оние кои пијат кафе им се препорачува околу 1.500 мг калциум дневно.

Покрај тоа, повеќе од пет шолји кафе дневно може негативно да влијае на вашата плодност. Жените имаат потреба од железо во исхраната за време на менструалниот циклус. Неговиот недостаток може да доведе до анемија. Препорачаната доза е 18 мг на ден (најмногу го има во месо и во риба).

Пожелно е, покрај храна полна со железо, да се јадат и оние намирници кои содржат многу витамин Ц, како домати, јагоди и лимони. Ако не јадете месо, земајте мултивитамини кои содржат железо.

Железо, но и витамин Ц и Е се неопходни доколку се занимавате со спорт или рекреација, исто така во дози: 18 мг железо, 250 мг витамин Ц и 400 IU витамин Е. Доколку пиете алкохол, потребен ви е витамин Ц и мултивитамини со цел спектар на витамин Б.