Банана – за поздрави црева и подобро варење

Фото: Unsplash
194

Покрај многуте други здравствени придобивки од бананите за телото, ново истражување покажува дека ова овошје може да биде клуч и за поздрави црева и подобро варење на храната.

Научните испитувања покажуваат дека бананите носат огромен број нутритивни придобивки, на пр. антиоксидантите кои го зајакнуваат имунитетот и ја намалуваат можноста од хронични болести, според истражувањето објавено во „Фуд кемистри“ (Food Chemistry). Тие, исто така, го подобруваат сонот, а пак, растителните влакна помагаат за подолга ситост, пишува американскиот „Журнал“ за клиничка исхрана.

Во 2021 година, истражувачи од Австралија прегледаа повеќе од 50 претходни трудови за да проучат – како цревата влијаат на човековото целокупно здравје? Истражувањето објавено во „Журнал“ за гастроентерологија и хепатологија, ја открива важноста на избалансираниот микробиом.

„Микробиомот се бактерии кои живеат во нашите црева. Се верува дека колку е поголема нивната разновидност во цревата, толку цревниот микробиом е поздрав“, вели Дејна Елис Ханс, авторка на трудот.

Пробиотиците се живи бактерии што се наоѓаат во ферментираната храна и додатоците. Тие се „добри“ бактерии во рамнотежата на микробиомот. Овие здрави бактерии ги добиваме и од бананите.

Друга придобивка што бананите ја имаат при варењето е намалувањето на надуеноста во телото. Растворливите пробиотски влакна во овошјето, имено, помагаат и при запек – чест виновник за непријатната надуеност. Високото ниво на калиум во бананите, исто така, им помага на бубрезите да го исфрлат вишокот вода и сол од телото, поттикнувајќи диуретичен ефект кој го намалува задржувањето на водата.