Газираната вода може да влијае негативно врз црниот дроб

Фото: Unsplash
324

Постојат неколку причини заради кои треба да внимавате да не претерате со консумирањето на газирана вода

Често слушате податоци за тоа колку вода треба да пиете на дневна основа и горе-долу сите се согласуваат дека шест до осум чаши се минималната количина која му е потребна на организмот за нормално функционирање. Секако, многу луѓе претпочитаат газирана вода и често ја избираат како напиток за хидратација, а во прилог на тоа оди и мислењето дека газираната вода ќе го подобри метаболизмот и варењето. Но, како што покажуваат неодамнешните истражувања, честото консумирање можеби и не е најдобрата идеја.

Палестинските истражувачи од Универзитетот Бирзеит во Рамала откриле дека газираната вода влијае на рамнотежата на хормоните и предизвикува чувство на глад, а особено влијае на хормонот грелин, кој уште се нарекува и хормон на гладот (одговорен за зголемување на гладот). Покрај тоа, прекумерната потрошувачка на газирана вода има негативен ефект врз вашиот црн дроб, кој складира повеќе масти заради зголемениот внес на CO2.

Се разбира, како и за сите други работи во животот, клучот е во умереноста, затоа не дозволувајте минералната вода да стане замена за обичната вода која сепак е најздравата течност што можете да ја консумирате без никаков страв.