Дали верувате дека калории се согоруваат со целер?

Фото: Pixabay
451

Многу поборници за здрава исхрана веруваат во некои од митовите што се поврзани со неа. Еве во кои митови за храната веруваат повеќето од нас.

Јаглехидратите се лоши, пилешкото е секогаш поздраво кога е без кожа, се само дел од старите тврдења кои се поврзани со здравата исхрана. Што е точно, а што е само мит, ќе дознаете во продолжение.

Целерот ги согорува калориите. Комплетна лага е дека целерот има негативни калории, односно дека со неговата консумација согоруваме повеќе калории отколку што внесуваме. Вистината е дека целерот има само 10 калории по порција и дека затоа е совршена намирница која треба да ја вклучите во вашата диета ако сакате да изгубите на тежина.

Мешунките и житарките мора да се јадат во исто време за целосни протеини. Јадете мешавина на аминокиселини во текот на денот и ќе ги добиете сите хранливи состојки што ви се потребни. До некаде е вистина дека мешавината на мешунки и житни култури е нутритивно многу моќна, богата со протеини, растителни влакна, витамин Б, железо, калиум и други минерали, додека е сиромашна со масти.

Сировите моркови се поздрави од зготвените. Верувале или не, термичката обработка ја зголемува хранливата вредност на морковите. Самиот процес на готвење ги разградува силните клеточни sидови кои потоа ослободуваат бета-каротен.

Секогаш отстранувајте ја кожата од пилешкото за помал внес на масти. Печењето, готвењето или динстањето на пилешко со кожа ги зачувува сите оние природни сокови што му даваат вкус. Пилешкото задолжително гответе го со кожата заради зачувување на вкусот, а отстранете ја подоцна.

Треба да се избегнуваат јајцата поради холестеролот што го содржат. Јајцата се на лош глас и некои истражувања покажаа дека тие го поттикнуваат високиот холестерол во крвта. Точно е дека јајцата се достапен извор на многу хранливи материи, вклучувајќи цинк, железо, антиоксиданти лутеин и циксантин, витамин Д, како и на хемикалија која ја поттикнува работата на мозокот, наречена колин. Држете го вашиот холестерол под контрола со тоа што ќе го намалите внесувањето на заситени масти.

Помалку јаглени хидрати – поздрава исхрана. Изборот на соодветни житни култури е од големо значење за општата здравствена состојба. На вашето мени секогаш нека има целовити житарки затоа што бројни истражувања покажале дека луѓето кои редовно земаат цели зрна, имаат 20-30 проценти помалку шанси да добијат срцеви заболувања, а тие се во просек и послаби.

Ако користиме маргарин наместо путер внесуваме помалку калории. Путерот и маргаринот имаат приближно ист број калории со тоа што маргаринот е направен од растителни масла како поздрава алтернатива на путерот кој содржи холестерол и заситени масти. Но, маргаринот може да биде далеку понездрав од путерот затоа што содржи транс масти кои влијаат на развојот на срцеви заболувања и високиот холестерол. Кога купувате маргарин, побарајте го оној што не содржи транс масти.

Јаткастите плодови се лоши како и брзата храна. Јаткастите плодови се одличен извор на протеини и други хранливи материи, ако не земате повеќе од една полна рака наеднаш. Истражувањата на Харвард покажале дека ако јадете пет вакви порции во текот на неделата, го намалувате ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 20 проценти.

Алкохолот ни помага да спиеме подобро. Дури и кај здрави возрасни лица, алкохолот може да го наруши добриот сон. Можеби ќе може да ве натера да заспиете брзо, но голема е веројатноста дека ќе се разбудите среде ноќ побудни од кога било.

Дијабетичарите треба целосно да се откажат од шеќерот. Лекарите не се согласуваат со оваа изјава и тврдат дека повременото почестување со нешто слатко е добро. Клучот за одржување на добро ниво на гликоза во крвта се избалансирани оброци кои содржат мешавина на јаглени хидрати, масти и протеини.

Не треба да пиете млеко кога сте настинати. Дали мајките и бабите некогаш ве предупредувале за ова? Ако е така, треба да знаете дека нема докази дека млекото ја поттикнува продукцијата на секрет и затоа нема потреба да се откажувате од него кога сте настинати.

Зачинетата храна предизвикува чир на желудникот. Зачините не се причина за чир на желудник, знаеме дека главниот виновник за оваа бактерија е хеликобактер пилори. Единствената работа што може да ја направат зачините е да ги иритираат цревата, што луѓето обично го мешаат со чир.

Намалете ја храната кога имате температура. Нема медицински докази ниту за ова тврдење. Вашиот апетит може да се намали сам по себе ако имате треска, но треба да јадете сé што можете, затоа што за време на болест вашите нутритивни потреби растат.

Производите со малку маснотии или без маснотии секогаш се подобри од полномасните. Кога станува збор за месото и одредени млечни производи, има вистина дека храната без маснотии е подобра за вашето здравје, но тоа не е случај со сите индустриски преработени производи. Кога производителите, на пример, отстрануваат масти од кексите за да добијат вкус додаваат други, не толку здрави состојки, како што е шеќерот. Експертите советуваат да избегнувате индустриска храна без маснотии и да ја замените со природни производи кои содржат здрави масти како што се јаткастите плодови.

Замрзнатото или конзервираното овошје и зеленчук се посиромашни со нутриенти. Свежото овошје и зеленчук имаат повеќе хранливи материи од замрзнатата или конзервирана храна, но само во истиот момент кога ќе се наберат. Бидејќи свежото овошје и зеленчук генерално имаат долг пат пред да стигнат до полиците на маркетите или пазарите, нивната хранлива вредност е изгубена. Храната што е набрана свежа и брзо се замрзнува, зачувува многу повеќе хранливи материи.