Дуњата ја смирува кашлицата и е полна со витамин Ц

Фото: Unsplash
384

Дуњата содржи изобилство на витамини, а во народната медицина се користи многу долго, пред сè, за ублажување на кашлицата и за смирување на стомачните проблеми.

Кога помислуваме на дуња, пред очите ни излегува сликата на дуњи наредени на некој стар креденец во селска куќа и на убавата арома кога се вари компот. И, се разбира, на Ѓорѓе Балашевиќ и на неговата легендарна „Јесен стиже дуњо моја“.

Но, дуњата, освен што е опеана во песна и има убава арома, има и многу витамини и е лековита цела, од плодот, до и семките и листовите. Дуњата може да се јаде свежа, но може да се направат и сокови, компоти и сирупи кои се подеднакво ефикасни за отстранување на многу здравствени проблеми.

Плодот на дуњата е богат со витамини и минерали.
Содржи витамин Ц во големи количини, дури и повеќе отколку што може да се најде во лимонот, потоа витамините Б1, Б2, ниацин, каротин, калциум, магнезиум, калиум, бакар, натриум, цинк, железо, манган, натриум, хлор и сулфур. Покрај тоа, содржи протеини, диетални влакна и јаглехидрати.

Најлековитиот дел од дуњата се семките од кои се прави чајот.

Кога се оставаат во вода, семките ослободуваат слуз кој ги решава проблемите со кашлицата и го чисти респираторниот систем. Покрај тоа, тие содржат големи количини на амигдалин, или витамин Б17, кој има антиканцерогени ефекти. Семето е исто така богато со масти, танини, пектин, шеќери, емулзин и протид.
Благодарение на танинот и слузот, дуњата поволно делува на работата на цревата и спречува заразни болести. Пектинот поволно делува на крвниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и обезбедува заштита од радиоактивно зрачење.
Сокот од дуња лечи кашлица, астма и дијареа, додека печената или варена дуња се препорачува за анемични лица, но и за лекување на воспаление на слузницата на желудникот и цревата. Може да помогне и при обилна менструација.


Подготовка на сок од дуња: Измијте и ситно изрендајте килограм дуњи, а потоа исцедете ги преку газа. Испијте го сокот веднаш бидејќи брзо се оксидира. Најдобро е да се пие пред јадење.
Подготовка на чај од дуња: Семките од дуња прелијте ги со зовриена вода, оставете ги неколку минути и потоа испијте го чајот.