Најновите истражувања потврдиле дека чајот од лисја од маслинки има повеќе антиоксиданти дури и од зелениот чај, што го рангира меѓу најздравите чаеви на светот. Малку е познат и фактот дека и семките од маслинки имаат многу корисни ефекти и можат да се користат како лек, а едно од нивните највредни својства е тоа што го намалуваат шеќерот во крвта.
Иако во денешно време акцентот е ставен на маслинките и нивните производи, а особено се истакнуваат здравствените придобивки од маслиновото масло, овојпат ќе ставиме акцент на фантастичните својства на лисјата и на семките од маслинките.
Имено, маслиновите лисја кријат многу лековити својства, а малку е познат фактот дека и семките од маслинки имаат многу корисни ефекти и можат да се користат како лек.
За што е добро да се консумира чај од маслинови лисја?
Најактивното соединение во лисјата од маслинки, кое главно е поврзано со терапевтски ефекти, се нарекува олеуропеин (горчлив монотерпен глукозид) и има исклучително силно антибактериско дејство.
Маслиновиот лист ја подобрува состојбата на голем број болести предизвикани од микроби – пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, итн. Добар е и за инфекции на уринарниот тракт, но и за хируршки инфекции. Докажано е дека маслиновиот лист истовремено спречува и инфекции предизвикани од дејството на габите.
Соединенијата присутни во маслиновите лисја обично се споменуваат во контекст на зајакнување на имунолошкиот систем, зголемување на енергијата на организмот, имаат антивирусно, антипаразитно, антибактериско и антигабично дејство, намалуваат или дури и елиминираат многу здравствени проблеми. На пример, го намалуваат крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта и нивото на ЛДЛ (лош холестерол, односно лоши маснотии поврзани со развој на васкуларни и срцеви заболувања) во крвниот серум.
Постои долг список на болести и особено патолошки микроорганизми кои се уништуваат со помош на соединенијата од лисјата на маслинките.
Ако страдате од некоја од следниве болести, употребата на чај од лисја од маслинки може значително да го подобри вашето здравје: срцева болест и регулација на срцевиот ритам, високи маснотии во крвта, атеросклероза, херпес, артритис, дијабетес, синдром на хроничен замор, хепатитис А, Б и Ц, менингитис (вирусен и бактериски), вагинитис, ботулизам, дифтерија, листеријала, чир на желудник, грип, воспаление на уринарниот тракт, енцефалитис, хламидијални инфекции.
Како да направите чај?
За чаша од 2-3 децилитри чај ви требаат: 15-20 суви лисја од маслиново дрво. Водата зовријте ја, додадете ги лисјата и варете ги уште 2-3 минути. Оставете ги лисјата во вода уште 10 минути и извадете ги. Не е добро лисјата да стојат долго. Може да пиете ладен или топол чај со мед, лимон или без ништо.
Треба да пиете чај секој ден за да почувствувате подобрувања на здравјето. Препорачливо е чајот да се пие превентивно со цел да се спречат овие болести. Чајот има благ вкус со едвај забележлива горчина. Лисјата се мијат и се сушат на воздух, а се чуваат во затворен сад заштитен од сончева светлина.
Најновите истражувања потврдиле дека чајот од лисја од маслинки има повеќе антиоксиданти дури и од зелениот чај, што го рангира меѓу најздравите чаеви на светот.
Зошто се здрави семките од маслинки?
Прво да разјасниме дека семките од маслинки можат да се земаат внатрешно само ако прво се смелат во прав. Проголтани цели, не само што нема да можат да се разградат во нашиот стомак и ќе излезат по стандарден пат, туку можат да предизвикаат и бројни проблеми со системот за излачување.
Затоа, најефикасниот начин е да се смелат или да се здробат во фин прав. За да се олесни процесот на мелење, добра идеја е прво лесно да се потпечат.
Едно од највредните својства на семките од маслинки е тоа што го намалуваат шеќерот во крвта. Ова ги прави особено погоден додаток во третманот на дијабетес и може да се користи особено кога контролата на болестите преку стандардната медицина не е најдобра.
Можат да се земаат на два начина – мелени во прав или како варен пијалак направен од семки од маслинки. Во вториот случај, се подготвуваат со варење на 70-80 семки во литар вода. Варете околу 20 минути или додека водата не остане на приближно 700-800 милилитри. Дозата е 2-3 лажички двапати на ден – најдобро наутро и навечер.
Правот од семки од маслинки има корисен ефект врз бавните црева и генерално го подобрува функционирањето на системот за излачување и дигестивниот систем. Тие исто така обезбедуваат одлична детоксикација, брзо отстранувајќи ги токсините од телото. Ова води до подобрен метаболизам, што исто така има корисен ефект врз телесната тежина.
Консумирањето на прав од семки од маслинки е одличен начин за спречување на формирање на камења во бубрезите и жолчката. Тие исто така ја подобруваат функцијата на срцето и белите дробови, а особено се препорачуваат за астма. Се верува дека имаат позитивен ефект и врз тироидната жлезда, нормализирајќи ја нејзината функција.
Покрај внатрешната употреба, правот од семки од маслинки е погоден и за надворешна употреба. Познато е дека има многу добар ефект врз отоците.
Ефектот на брзо заздравување се постигнува со третирање на болки во грлото и отечени лимфни јазли со облога од семки од маслинки. Тие можат да бидат мелени или едноставно здробени, но ситно.
Истиот облог може да се користи и за лекување на отоци предизвикани од заушки.
Оптималниот внес на маслинки и семки од маслинки дневно е 7-8 маслинки и 3-4 ситно мелени семки.