Еве како се прави најлесната торта на сите времиња

Оваа торта е една од оние за кои мајка ви ќе ви каже: сакаш да правиме заедно една многу лесна торта? А потоа ќе ве остави да ја направите сами...ете толку е лесна

0
607

Рецептот е од нашата читателка Рада Живанова, а всушност, ја направила нејзината ќерка Бојана. По стариот добар принцип…ај да правиме заедно една многу лесна торта…

Состојки:

2 пакувања пишкоти

800 г павлака

свежи јагоди

Приготвување:

Земате тава и редите еден ред пишкоти, ги ремачкувате со павлака, а одозгора редите јагоди. Потоа имате уште еден ред пишкоти, па павлака и завршувате со јагоди.

Лесно се прави, ама се јаде дури следниот ден.

Верувајте, мора да отстои во фрижидер.