Една од најстарите жени на светот секој ден го јадела овој појадок: Тајната на нејзината долговечност е во кајганата и сланината

Фото: Freepik
347

Една од најстарите жени на светот секој ден појадувала кајгана и сланина, а научниците откриле дека овој оброк е всушност многу добар за здравјето.


Не е тајна дека појадокот е најважниот оброк во денот и не треба да го прескокнуваме за да бидеме здрави, но колкумина од нас всушност имаат навика да јадат нешто наутро?

Ако сте од оние кои ја немаат оваа навика и кои редовно го прескокнуваат појадокот, треба да знаете дека правите огромна грешка, бидејќи појадокот ја дава потребната енергија за денот, а може да помогне и во намалување на салото на стомакот.

Исто така, многу важна функција на појадокот е тоа што може да го подобри имунитетот, кој најверојатно е главната компонента на долг и здрав живот.

Една од најстарите жени во светот, Сузана Мушан Џонс, имала навика максимално да ги користи придобивките од појадокот. Имено, таа верувала дека одреден вид на храна е заслужна за нејзината долговечност и секој ден јадела одредени намирници.

Верувале или не, таа јадела сланина секој ден, а доживеала 116 години.

Џонс е родена во јули 1899 година, а почина во 2016 година, само неколку месеци пред нејзиниот 117 роденден. Нејзината утринска рутина отсекогаш била иста, пренесува EatThis.

Се будела околу 10:30 и појадувала до 11:30. Секое утро го јадела истиот појадок, кој се состоел од кајгана и сланина.