Зошто е добро и како да направите сами брашно од бадеми?

Фото: Pixabay
601

Доколку страдате од целикалија, ова брашно е идеално за вас бидејќи не содржи глутен

Бадемовото брашно е богато со макронутриенти, што го прави идеална храна која го снабдува организмот со јаглехидрати, протеини и здрави масти. Една четвртина чаша од ова брашно содржи 4,6 грама јаглени хидрати, 5,2 грама протеини и 3 грама полинезаситени масни киселини (кои ги штитат нашиот мозок и срце).

100 грама бадеми содржат 140% од препорачаната дневна количина на манган, 75% магнезиум, 60% бакар, 50% фосфор, 130% витамин Е и 51% витамин Б.

Брашното од бадеми е одличен избор бидејќи одлично оди со овошје, зеленчук, јајца, кокосово млеко, мед, црвено месо, живина, риба, пченка и грашок. Можете да го додадете во палачинки, колачи и други печива и слатки.

Рецепт за домашно бадемово брашно

Земете бадеми со лушпа и бланширајте ги. Доволно е да отстојат 5 минути, па извадете ги од водата и добро исушете ги.

Кога целосно ќе се исушат, земете една рака бадеми и префрлете ги во блендер. Мелете максимум 7 секунди. Ако премногу ги сомелете бадемите, ќе добиете путер.

Секоја рунда префрлајте ја од блендерот во тегла или друг соодветен сад.

Доколку нема да го користите веднаш, бадемовото брашно ставете го во добро затворен сад и чувајте го во фрижидер. Може да се чува до 6 месеци. Не е добро да се чува надвор од фрижидер, бидејќи лесно се расипува, па може да ужегне кога е изложено на светлина и на собна температура.