Кога ги бираме во маркетите или на пазар, плодовите се речиси секогаш или премногу тврди или ни изгледаат премногу меки. Како да знаеме кога се најдобри за употреба?
Авокадото е многу популарна намирница, но сè уште се бориме да го препознаеме степенот на неговата зрелост.
Ако сте од оние луѓе кои не знаат како да одберат авокадо во продавница, па кога ќе се вратите дома сфаќате дека е или зелено и презреано, прочитајте ги советите подолу и нема да го фрлите.
Иако темно зелената или кафената боја можат да бидат знак на зрелост, имајте на ум дека тоа не е случај со сите видови. Земете го авокадото во рака и нежно стиснете го – ако е меко, но не и премногу меко, треба да биде во добра состојба за да можете веднаш да го употребите.
Ако погрешно сте процениле, па авокадото сепак не е доволно узреано, можете да го забрзате процесот на зреење така што ќе го ставите во хартиена кеса и ќе додадете друго зрело овошје внатре, како на пример, банана. Оставете го на собна температура неколку часа или преку ноќ и проверете дали бананата направила чудо. Во случај да немате време да чекате да созрее авокадото, можете да го завиткате во фолија и да го ставите во рерна загреана на 200 степени неколку минути.